Пешевски: Работникот не бара ништо повеќе од она што реално го заслужил со својот труд

You must need to login..!

Опис

Став на ССМ како единствен репрезентативен синдикат е Празникот на работникот да се одбележи на симболичен , но на начин којшто доликува и го заслужува македонскиот работник. Сакаме да покажеме пред претсатвниците на власта дека повторно имаме можности покрај пандемијата да излеземе на улица, да ги доставиме барањата кои некако многу споро се одвиваа во последните години, изјави во Утрински брифинг синдикалниот лидер, Иван Пешевски.

Претходниот период имавме злоупотреби од работодавачите, затоа апелираме пожестоко и побрзо да се спроведуваат владините одлуки. Можеби се работи за сто и нешто работодавачи на список но последното соопштение на УЈП беше дека се опфатени 55.000 работници кои не ги земале последните две плати, вели Пешевски.

Градежниот сектор и синдикат бележи зголемување. Сите сектори се осетија погодени, се намалуваа плати, а беа потребни средства за нормален живот. Работникот не бара ништо повеќе од она што реално го заслужил со својот труд. Тука не е многу виновна државата затоа што овие прекршувања на работен однос беа од страна на работодавачите. Можеби носењето на пакет мерките беше споро, што не смее да се случува, вели Пешевски и додава дека од грбот и потта на работникот се полни буџетот и се обезбедуваат плати и за работодавачите и претставниците на власта.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 5 =