Пешева од „О2“: Мора да ја подобриме законската регулатива – со 0,49% од државниот буџет многу тешко дека ќе може нешто да се помрдне

You must need to login..!

Опис

Декларативно секогаш наидуваме на некаква поддршка дека аерозагадувањето е тема која што е важна за нашата иднинина, иднината на нашите деца и исклучително важно поглавје кога ќеги почнеме преговорите за пристапување во ЕУ. Тука никој нема да ви каже дека ова треба да остане на маргините, но во пракса работите одат многу споро и скоро и да не мрдаат од место, изјави за Утрински брифинг Ели Пешева од граѓанското движење „О2“.

Иамвме многу кратко време за подговтовка на амандамните и тоа да го образложиме во рамки на неформалната интерпарламентарна пратеничката група која на наша иницјатива беше формирана. Има 43 пратеника од различни партии. Буџетото го добивме многу касно. Имавме само неколку дена и од она искуство кое го имаме во работата на оваа тема околу заштитата на животна средина, поднесовме 16 амандмани, од кои зачудувачки не беше прифатен амандман во кои баравме да се одвојат средства за да се стават филтри на државните инситуции. Прифатен беше само еден од нашите предлози – акредитацијата на Централна лабораторија за животна средина за мерење на ПМ честички, но не и акредитирање на државна лабортаторија. Отфрлен беше и амандманот во кој баравме да се одобрат средства за да се засили инспекторскиот надзор за Државниот инспекторат за животна средина, вели Пешева.

Факт е дека парите се намалуваат наместо да се зголемуваат факт е дека и буџетот е оптеретен заради непланираната криза заради ковидот, но мора да напоменам дека и на многу инстанци е докажана и конекцијата на загадениот воздух со ковидот и со вакво темпо од 0,49% од државниот буџет многу тешко дека ние ќе можеме нешто да помрднеме, зарад тоа што и таму каде што може да се интервенира, парите се клучен проблем поради кои што се одложува односно се напуштаат одредени проекти кои придоноесуваат во намалувањето на загадувањето, додаде Пешева.

Целиот разговор со Ели Пешева од иницијативата „О2“ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 1 =