Петрушевски: Бараме уште денеска законите од петтиот пакет да бидат ставени на дневен ред

You must need to login..!

Опис

Ние како опозиција бараме час поскоро законите за финансиска поддрша од петтиот пакет за исплата на плати на вработените да се стават на гласање на собраниска седница. Овие мерки беја најавени уште кон крајот на јануари, почетокот на февруари на прес конференција од страна на Владата, до Собранието беа доставени дури во март во форма на закони.

-Потоа наместо да се процесираат и гласаат овие мерки се гласаше доверба на влада, се гласаа други неприоритетни закони, а овие секогаш беа оставани на страна. Потоа следеше блокирањето на законите од страна на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Ние како опозиција и тука направивме уште еден притисок, дополнителен исчекор овие мерки го доживеат светлото на денот, повлековме амандмани кои што ете можеби на Алијанса и пречеа се со цел овие закони да бидат ставени на дневен ред и да бидат изгласани затоа што недвосмислено ја имаат нашата поддршка како и сите претходни сетови, особено кога се работи за интересот на граѓаните.

Ја одблокиравме комисијата, вчера експресно ги поминавме на комисија овие закони и побаравме уште истиот ден да бидат ставени на дневен ред, но тие и денеска се уште не се ставени на дневен ред, дали ќе бидат ставени не знаам, ние со дополнителни притисоци и координации бараме да бидат ставени иако како информација имае дека денеска ќе расправаме за Стратегијата за справување со корупција, вели за УБ пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Браме Петрушевски.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − two =