Петрушевска: Амандманите кои ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ се во насока на рационално менаџирање на буџетот

You must need to login..!

Опис

Најновата слика од парламентот вели дека политичките сили во парламентот се пата пата. Како тоа ќе се отслика и во работењето на собраниските Комисии. Денес е денот Д кога собраниската Комисија за буџетирање ќе го отпочне првиот од вкупно десет дена од „чешлањето“ на Законот за носењето на буџет и ќе се види како ќе тече текот на читањето на овој закон. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Марија Петрушевска, претседавач на собраниска буџетска комисија.

-Очекуваме Комисијата да започне со работа денес. Во однос на присуството на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ние сме подготвени, како за општиот претрес така и за амандманите, во однос на присуството на останатите колеги не можам да ви одговорам, изјави Петрушевска.

-Немам сознание дали Кастриот Реџепи ќе присуствува во Комисијата. Се надевам дека е во добро здравје и дека ќе учествува во работата на Комисијата, вели Петрушевска.

-Бројката на поднесени амандмани во мементот е околу 220, од кои што 194 се од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам една убава демократска дебата во деновите кои што претстојат. Амандманите се насочени кон подобрување на самиот буџет, додава Петрушевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 5 =