Петровска: Скопјани пијат високо квалитетна вода, исклучителна и специфична воопшто за целиот регион па и пошироко во Европа

You must need to login..!

Опис

Каква вода пијат Скопјани? Дали изворот Рашче и бунарите со питка вода ги задоволуваат основните критериуми?

Кој го контролира квалитетот и им гарантира на граѓаните за него?

На оваа тема гостин во Утрински брифинг беше Билјана Петровска, раководител на сектор за санитарна контрола при ЈП Водовод и Канализација.

-Скопјани пијат високо квалитетна вода, која е исклучителна и специфична за овој регион па и за Европа. Тоа е квалитетна вода, но ресурсите се ограниичена количина и затоа треба да бидеме ислучително рационални и да го штедиме она што ни доаѓа во чешмите. Тоа е вода богата со минерали потребни за секој организам, вели Петровска за Утрински брифинг.

Таа додава дека треба да бидеме свесни оти имаме големо богатство што треба да го цениме за да можеме да го користиме со години, но ако сме нерационални нема да биде добро. -Ние работиме по закони и подзаконски рамки и правилници. Водата во системот на Скопје оди на секојдневна контрола. Контролираме 50-60 места секој ден со примероци, а зачестени се и контролите. Сѐ што испорачуваме е проверено од аспект на хемија и микробиологија.

Но, изборот е наш, дали ќе пиеме вода од чешма или ќе купиме. Милам дека секој кој користи вода во град треба да ја пие водата од чешма, вели Петровска за Утрински брифинг.

Лабораторијата на ЈП Водовод и канализација е акредитирана во 2012 и тоа значи постојано следење на трендовите во аналитиката. Петровска вели дека лабораторијата секоја година се унапредува и се врши едукација на кадар. Со анализите со ПЦР направено е скратување на времетраењето на анализата на водата за 3-4 часа. Анализи се прават секој ден без отстапување. Оваа лабораторија работиме за градот пред сѐ, но и за други лица, вели Петровска, односно секој кој има сопствено водоснабдување може да дојде да направи контрола.

-Во врска со дивите депонии и излевањето фекална вода кај бунарите Лепенец-Нерези треба да се знае дека тие бунари се копани на 70-80 метри, друго е сѐ она што се прави на површина. Кај нас е така, еден чисти десет вакаат. Но, тоа нема влјание на инфлитрација во бунарите. Оттаму додаваме само 20-30% во изворот Рашче само во лето кога корисниците попусто ја трошат водата, вели Билјана Петровска од ЈП Водовор и канализација.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 3 =