Петровска: Рационален градоначалник не почнува мандат со менување табли со името

You must need to login..!

Опис

Во 80 општини и градот Скопје, има само две жени градоначалнички, што е поразително. Се остава впечаток дека не се создава простор во кој жените ќе се занимаваат со политика, дури и женските партиски клубови имаат улога на некој затворен простор во кој жените навидум ќе се занимаваат со политика, но без влијание. Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска за Утрински брифинг вели дека тоа не е така во нејзината партија.

Резултатите од локалните избори покажаа дека голем број од гласачите на СДСМ не излегоа на избори.

Разликата беше уште поголема во полза на опозицијата, а се чини дека информацијата за државјанството на градоначалничката Данела Арсовска не влијаеше врз гласачите.

-Целта на соопштувањето беше да им се каже вистината на граѓаните. Ја добивме таа информација тогаш кога ја добивме, не тактизиравме, туку чекавме да ја потврдиме информацијата, вели Петровска.

Вчера бугарското МВР соопшти дека во земјава има антибугарско расположение, но не демантираше дека Арсовска има бугарско државјанство.

-Арсовска може да покрене тужба против мене, ако така смета, ние стоиме зад она што го објавивме дека е вистинито, вели Петровска.

Тешко ќе биде Заев сега да се повлече од оставката што ја објави јавно.

-Тоа е одлука што Заев ја соопшти по изборите и тоа е негова лична одлука. Но, таа одлука ќе се преиспитува во партијата. Коалициските партнери вчера соопштија дека парламентарното мнозинство останува. Оттука, ние немаме намера да се повлечеме од тешките одлуки кои претстојат, оти државата мора да продолжи по патот што го зацрта, а голем дел од тоа е заслуга на самиот Заев, вели Петровска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 3 =