Петровска: НАТО не интервенира во земји кои не се членки, но ги штити земјите членки на Алијансата

You must need to login..!

Опис

Минатата недела имаше состаноок на НАТО во Брисел, каде што тема беше кризата во Украина, а викендот се одржа и Минхенската безбедносна конференција. За ова и за други теми во Утрински брифинг разговаравме со Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата на РСМ.

-Неспорно е дека секој има право да си ги каже своите гледишта. Мојата изјава не е само лично моја, туку е изјава на државниот врв и го одразува ставот на државниот врв оти Македонија е земја членка на НАТО. Во НАТО нема членки од прв или втор ред и ако сте членка на НАТО треба да го кажете својот став оти во спротивно излегува дека немате став, вели Петровска.

Петровска пренесува дека ставот на Алијансата е дека нема да бидат вклучени војници на НАТО во земја која не е членка на НАТО туку дека се преземаат мерки за заштита на земјите кои се членки на НАТО. Алијансата и земјите членки упатуваат повик за дипломатско решение, но потребно е и да се биде подготвен. Во Македонија не е подигната борбената готовност, а тоа се прави со указ на претседателот како врховен командант, појаснува министерката за одбрана.

-Во овој момент буџетот за Армијата изнесува 1,8 отсто од буџетот и средствата се користат за унапредување и опремување на армиските потенцијали. Со проекцијата за следната година ќе стигнеме до 2 отсто, од кои 20 отсто ќе бидат за модернизација на Армијата, вели Петровска.

Петровска додава дека планот за развој на Армијата е долгорочен, но она што е добро во НАТО алијансата е што сите соработуваат меѓу себе и се надополнува она што недостасува.

-И на Минхенската конференција главната тема беше кризата во Украина и како НАТО ќе се постави во однос на таа криза, но тоа беше и добра прилика да се остварат контакти. Пораката што ја испрати македонската делегација беше да се забрзаат нашите евроинтегративни процеси. Сите соговорници се сложија дека ги исполнуваме условите за почеток на преговорите и дека тоа треба час поскоро да се случи, вели Петровска.

Петровска вели дека придобивките што ги имаме од членството во НАТО ќе бидат уште поголеми понатаму.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen − eight =