Петровска: Медиумите влијаат штетно кога пренесуваат омраза и навреди кон жените жртви на родово насилство

You must need to login..!

Опис

Организацијата ХОПС – Опции за здрав живот во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, овој месец, организираше обуки за медиумски работници во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, но и за улогата на медиумските работници во борбата и сузбивањето на насилството врз жените.

„Пред да почнеме со овие обуки, направивме една интерна анализа дали тие им се потребни на новинарите. Оваа анализа ги потврди нашите претпоставки и на некои претходни истражувања на меѓународни и домашни организации дека се потребни вакви обуки насочени токму кон зголемувањето на знаењата и вештините поврзани со темата на насилство врз жените и девојчињата. А и самите новинари ја потврдија потребата за вакви обуки и изненадувачки беше интересот за двете работилници кои ги организиравме овој месец што ни дава поттик да продолжиме да организираме вакви обуки и ширум државата, а не само во Скопје. Како дел од обуката им беа претставени три модули: што е родово базирано насилство, домашната и меѓународната легислатива со фокус на Истанбулската конвенција и техники на известување во поглед на родово базираното насилство, се работи за специјално дизајнирана програма склопена како резултат на претходните истражувања со цел ефикасно да го дадеме сите потребни знаења“, вели за Утрински брифинг, Елена Петровска, програмска координаторка во ХОПС.

Таа додава дека според нивните сознанија, кај дел од медиумите има значителен напредок во начинот на извесувањето за родово базираното насилство.

„Тие навистина следејќи ги професионалните стандарди и етичките норми известуваат за овие случаи, но се’ уште има голем број медиуми кои напротив – ниту влијаат на превенцијата, ниту на заштитата на жртвите. Најчесто не се внимава на правото на приватност на жртвата, се стереотипизира, двојно се виктимизира, а тоа понатаму влијае на формирањето на општиот дискурс, како се справуваме со овие прашања. Кога ќе видите каква омраза, навреди, омаловажувања се прикажуваат ќе сфатите колку штетно влијае ова и врз самите жртви“, вели Петровска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 + two =