Петровска: ДИЖС го стега обрачот околу загадувачите, за многу брзо време ќе има подобрување

You must need to login..!

Опис

Ана Петровска доaѓа на раководната позиција на Државниот инспекторат за животна средина од Министерството за животна средина.

Петровска го презема Инспекторатот во време кога во јавноста постои мислење дека државните инспектори недоволно и ненавремено ги извршуваат своите задачи и дека најчесто нивната работа не придонесува за да се намали загадувањето.

Државниот инспекторат за животна средина е надлежен за 25 закони и 250 правилници кое е огромно поле на делување за едебн релативно ограничен број н аинспектори. Треба да имаме вкупно 50 вработени, а во мометов имаме 22 од кои тројца се во делот на админситрацијата. Многу важна работа за да се покријат сите надлежности на соодветен начин е да се зголеми бројот на инспектори, за што вршиме измена на администрацијата. Во сите плански региони треба да зајакнеме со инспектори. Треба да се индентификуваат сите потенцијални загадувачи. Скопје е многу загаден град и сега е време на топ загадување, и треба да бидеме присутни секаде.

Наместо само во сабота, кога би биле на располагање за повик на граѓаните, дежурствата ги користиме и за вонредни надзори и почнавме една многу тесна координација со овластените инспектопри во општините. Како подобри искуства би ги издвоила – координацијата со инспекторатот од Град Скопје, Тетово, Кавадарци и Кочани, вели Петровска.

-Самото тоа што ќе бидеме присутни, што ќе се види поголема раздвиженост, ќе биде доволно предупредување. Не сакаме да ги фатиме во прекршок, сакаме да не загадуваат. А тоа е можно ако се почитуваат мерките за животна средина. Секаде каде што ќе се утврдат неправилности ќе се издаде решение. Ако не се отстранат недостатоците, ќе поднесеме прекршочна пријава. Законот овозможува опомена, можност да се усогласат, а понатаму и казни. Директно се казнува кога има сериозен прекршок, кога имаме големо нарушување на животната средина, кое треба да го документираме со мерење. Граѓаните бараат казни, тие се сериозна алатка и ќе ги примениме таму каде што ќе утврдиме големи прекршувања. Во меѓувреме ќе постапуваме според Законот за инспекциски надзор и ќе обезбедиме да се постапи секаде каде што е можно, вели Петровска.

ГОлемит езагадувачи генерално имаат добиено еколошки дозволи и согласно тие еколошко дозволи, дефинирани им се границите колку смеат да загадуваат. Некои од нив вршат континуирани мерења. Но бевме присутни на аналази на емисии, чекам толкување, но и покрај вкупните просечнои вредности е утврдено дека нема надминувања, има една покачена вредност и очекувам информација зошто се случила оваа епизода. Во Макстил е закажано мерење. Она што е интереснои граѓаните се жалат на помалите загадувачи. Оваа недела ќе правиме координирани надзори и три дена со акредитирана лаборатори ќе ги чешламе овие помали загадувачи, со што го стегаме обрачот и се надевам дека за многу брзо време ќе има подобрување.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + seven =