Петровска: Ги следиме насоките на здравствените власти, овој бран е потежок од претходните

You must need to login..!

Опис

Јас не би рекла дека Битола е ново жариште, ќе речам дека сериозна е здравствената слика на ниво на целата држава имајќи ги предвид анализите со заболените на ниво на целата држава. Општина Битола веќе две недели работи со поинаков режим – тоа значи работното време е организирано во две смени со пауза помеѓу едната и другата смена за да може и просториите да се адаптираат согласно со заштитните мерки, постојано ги следиме бројките кои што се регистрираат и во институциите кои што се под надлежност на општината, јавните претпријатија и училиштата, таму немаме алармантност што покажува дека нема соодветна организациона поставеност со заштитните мерки во рамките на работата која што се изведува и тоа го имаме низ статистика и бројки.

Факт е дека на ниво на општина бројот на заболени е зголемен и што е најлошо е тоа што пациентите се во критична состојба во споредба со претходните бранови на заразата кога реално имавме повисоки бројки на заболени пациенти, сега има повеќе пациенти на кои што им е потребна кислородна поддршка. Ценам дека Централниот кризен штаб од секогаш сериозно се поставувал и дека следејќи ги целокупните состојби верувам во нивните следни чекори кои што ќе ги преземат затоа што она што го правиме како општина е најправилно и она што тие како централен кризен штаб го даваат како насоки мислам дека е за респект, изјави во УБ Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + one =