Петрески: Преземаме краткорочни мерки кои скапо ги плаќаме, а не го решаваме проблемот

You must need to login..!

Опис

-Околу темата на замрзнување на цената на одредени прозиводи, ние забележуваме дека настана форма на паника каде заради растот на цените во голема мера се носат мерки кои што имаат краткорочна природа и сите тие мерки се со цел да ги заштитат најранливите граѓани. Така што, ние за да постигнеме една цел, преземаме низа на мерки кои што имаат широк опфат, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Благица Петрески, извршен директор на Finance Think.

-Ако пластично се обидеме тоа да го објасниме, тоа значи дека имаме една цел да „отепате зајак“, но за тоа да го направите користиме широк арсенал кој ќе се распрне на сите страни.

-Сакајќи да ја постигнеме едната цел исфрламе пари кои што таргетираат граѓани кои што може да си дозволат да ги платат услугите кои што се нудат, по цена која што е пазарна, вели Петрески.

-Во последните 15-20 години станавме зависни од субвенции. Тие субвенции ние ги дожувавме како начин кога ќе згусне ситуацијата може да биде елиментирано преку државните субвенции. Во минатото биле земјоделските субвенции каде што во голема мера биле користени и како социјална категорија. И денес тие опфаќаат околу 110 милиони евра од Буџетот. Минатата година следни субвенции се субвенциите за плати и придонеси каде што достигнавме фантастични 40 милиони евра поддршка од централен Буџет.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 2 =