Петрески: Парите мора да се трошат за стимулација на извозот и реструктуирање на економијата

You must need to login..!

Опис

Последните податоци за БДП потврдија дека во третиот квартал имаме пад од 3,3%. Овој пад е нешто помал од оној што ние како Фајнанс Тинк го имавме проектирано во месец април. Но исто така податоците укажуваат дека во четвртиот квартал ќе имаме полоша слика од ние што сме проектирале. Оваа криза е лоша, зато што најпрво е глобална, доаѓа паралелно со здравствената криза и така што ефектите кои ги има се подлабоки и опфаќа повеќе аспекти. Оттука мерките кои беа преземени беа со еден широк арсенал. Сметам дека оваа криза ќе биде засебна целина самата по себе и можеби ќе биде неспоредлива со ниту една од претходните, изјави во Утрински брифинг Благица Петрески од Фајнанс Тинк.

Ваков тип на мерки беа преземни од скоро сите влади. Тие не се новина и нешто измислено. Таквиот сет на мерки беше неопходен да се зачуваат работните места. Во услови на криза е неблагодарно да ги оставите луѓето да искусат падови кои понатаму би се рефлектирале на подолгорочниот квалитет на живот. Од тој аспект беа оправдани и резултатите покажуваат дека владините мерки дадоа поддршка и во насока на спасување на работните места и во насока на подобрување и ублажување на негативните ефекти по БДП-то.

Целиот разговор со Благица Петрески од Фајнанс Тинк погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − 12 =