Петрески за УБ: 3/4 од вработените и компаниите се погодени од кризата – 2021 година ревитализација, 2022 нормални текови на економски раст

You must need to login..!

Опис

Во изминатиов пероиод имавме доволна хетерогена онлајн анкета од која што можат да се извлечат заклучоци за тоа какви се економските ефекти врз граѓаните и компаниите од КОВИД-19 кризата. Резултатите за Утрински брифинг, ексклузивно ги објави Благица Петрески, главен економист (Извршен директор) на Finance Think.

Па така според анкетата, клучните наоди упатуват дека 3/4 од вработените и компаниите во земјата се погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19. Состојбата кај самовработените и микро-бизнисите е уште покритична, односно 90 проценти од нив се погодени од КОВИД-19 и најчест механизам кој што го примениле работодавачите за препродување на кризата е намалување на платата и шрекинување на дополнителни исплати. Односно, 25,6% проценти од испитаниците јавиле дека имаат намалување на платата и околу 24% дека имаат најава за намалување или отпуштање, изјави за Утрински брифинг Петрески.

-Исто така невработените изгубиле надеж дека ќе најдат работа, а доходот на нивните домаќинства значително се намалил.

Има и еден интересен факт дека оваа состојба е заради значајно намалување на прометот на приходите или поради мерките за спречување на движење и физичка интеракција. Таму процентите се помеѓу половина и две третини од фирмите го пријавуваат како проблем. Еден од податоците се дека граѓаните можат најмногу до три месеци со моменталните околности да издржат во ваква состојба, што е алармантен факт кој што го идентификува анкетата, вели Петрески.

70 проценти од испитаниците можат да издржат од еден до три месеци, многу помал, 1%, можат да издржат над 12 месеци, од 4 до 6 месеци се 13%, од 7-12 месеци се 7%, изјави во Утрински брифинг, Благица Петрески, главен економист (Извршен директор) на Finance Think.

Досегашните мерки генерално се коректно дизајнирани за моменталниот шок со кој се соочени компаниите. Некои од мерките што се насочени за поддршка на платите на вработените, треба да им им помогнат на оние компании што беа оневозможени тековно да ја извршуваат својата активност поради воведените мерки. А најпогодените сектори се и најранливи, гледано од аспект на бројот на вработени, неформално ангажирани и тоа се доминантно микропретпријатија со по најмногу десет вработени – рече Петрески.

Петрески смета дека операционализацијата на мерките мора да биде многу ефикасна, навремено да стигнат средствата до компаниите, со минимизирање на бирократските и административни процедури, за да не се наруши ликвидноста. Еден од недостатоците на овој план е што мерките не се придружени со план за финансирање, од кои извори ќе се финансираат овие мерки и колку вкупно средства ќе бидат потребни затоа што ефектот на мерките не е ист, и треба алокацијата да биде најголема кон оние мерки со најголем ефект – нагласи Петрески.

Проблемот исто така е што ние се уште сме заглавени во дискусија околу дизајнот и какви треба да бидат мерките. Сега мислам дека ние треба да бидеме едно гледиште, еден чекор понапред, односно да видиме каде сакаме да стигнеме во следните три, шест месеци, да имаме конкретен план за она што дополнително следи и да бидеме подготвени за потенцијално доплнителни удари од една страна, од друга страна пак да имаме план како од кризава да извлечеме бенефити кои што би се одразиле на подолг временски период. Постојат ситуации каде може да се преструктуираме. Производствените компании треба да бидат стожер на планот за ревиртализација и тука треба да размислуваме како да го прилагодиме прозиводствениот капацитет.

Секторите кои се функционални, а чија побарувачка ќе биде во раст, да се поттикнат и насочат кон поголемо производство. На тој начин, се создава потенцијал да ја апсорбираат работната сила од секторите со намалено или без производство. Во оваа група е секторот земјоделие, и дејностите од преработувачкиот сектор кои се однесуваат на производство на храна и пијалоци – додава таа.

Овој период треба да се искористи и за јакнење на регионалната позиција кај странските инвеститори.

– Дел од странските инвеститори со лоцирани капацитети во повеќе земји или региони, очекувано е да преземаат стратегии за зголемување на ефикасноста и локализирање на производството. Оттука, треба да се размислува за форми кои не само што ќе ги задржат постојните мултинационални компании во земјата, туку и ќе ја зајакнат регионалната позиционираност. Тоа би значело да се идентификуваат и привлечат потенцијални инвестиции кои мајките-компании планираат да ги инвестираат во постојните компании во регионот, вели таа.

Доколку консолидацијата започне со темпото кое што го предвидуваме, односно четврт квартал да се има благ раст, следната година би била година за ревитализација, за веќе 2022 да се започне со понормални текови на економски раст. Постојат предизвици, па која влада и да биде и престојат тешки години за менаџирање. Долговите ќе бидат повисоки, нема да биде возможно да се креираат мерки кои ќе ги задоволат гласачите, туку ќе биде потребно да се води многу внимателна фискална политика. Затоа е време да се размислува за паметни политики, изјави Петрески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + 12 =