Петрески: Граѓаните бараат од политичките партии подолгорочна визија за економски раст

You must need to login..!

Опис

Филозофија на создавање пари. Време на политички игранки во кое најчесто се одвива процесот на лицитација – кој повеќе ќе даде, тој очекува повеќе и да добие. Изгледа дека синдромот на „Тајландската милијарда“ почна да се конституира како политичка понуда.

Заев почна да ја употребува често, а Мицкоски со предизборната понуда за нови милијарди и 20 проценти повисоки плати го ситуира на во рамките на главната можност да добие нови гласачи.

За гостинот во Утрински брифинг, универзитетскиот професор, Марјан Петревски, ова е очекувано во овој период пред избори.

Се промовираат идеи повеќе од она што претставува реалност. Не е непознато Владата да промовира политика во која што ќе каже дека платата ќе порасне толку и толку. Се додека тоа произлегува од пазарот, односно Владата создава амбиент во кој што пазарните механизми ќе доведат до пораст на плата. Она што е важно е секогаш кога политичка партија лицитира со вакви бројки да каже од каде тоа ќе произлезе, односно механизмот кој ќе ја дигне економијата и доведе до повисоки плати. Во претходниот период видовме едно мало лутање, каде фокусот беше на политики на прераспределба, а помалку на политики на создавање. Ние мора да се фокусираме на создавање на доход, а после тоа како ќе го прераспределуваме. Но почнаа да разбираат и очекувам дека ќе има и благо подобрување.

Околу фискалната политика и дали може таа да го издржи ветувањето на политичките партии, ветувањата создаваат високи очекувања.

На крајот од 2019 имаме пораст на просечната плата за 3.000 денари. Тој раст не е мал, тој е солиден раст. Но ако го споредите со ветувањето и очекувањето кое што беше лиферувано и сега е вмрежано во колективната меморија (500 евра), тогаш има простор во таа смисла да бидеме незадоволни. Убаво е да зборуваме за намалување на даноците, за субвенционирање на плати, но мора да бидеме свесни дека тоа на крајот ќе притисне врз јавните финансии и повторно ќе се соочиме со притисок врз јавниот долг, кој што сега е релативно стабилизиран, но мора да потсетиме дека во деценија и повеќе наназад тој и драстично растеше.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three − two =