Петрески: Без државни стратегии, без разлика кој е на власт, граѓаните не можат да планираат долгорочно

You must need to login..!

Опис

Не се изненадувачки резултатите од најновото истражување за јавната перцепција на „Finance think“ кои покажуваат дека граѓаните посакуваат функционално владеење на правото пред се.

Но пред се, на државата и фали долгорочна стратегија на која граѓаните ќе можат да и веруваат со цел да го планираат својот живот во Македонија.

Ова е еден од заклучоците на Благица Петрески, извршна директорка на  „Finance think“ во Македонија, искажан во денешниот „Утрински брифинг“.

„Не не изненадуваат резултатите дека функционирањето на правната држава им е важна на граѓаните. Последните индикатори за транспарентност, кои покажуваат нефункционално владеење на правото. Тоа ја поткопа и економијата.

Веруваме дека економијата ќе растеше доколку имаше поголема сигурност. Оттаму владеењето на правото треба да биде стожерен фокус на политичките партии во програмите.

Било кое поместување кое ќе им даде на бизнис секторот и граѓаните една поголема сигурност, односно конзистентност при спроведување на законите, ќе влијае и на економијата“, вели Петрески.

Таа потенцира дека економијата е жртва на политиката, пред се поради нестабилноста манифестирана преку чести избори.

„Имаме чести избори. Во текот на тие процеси, економијата се движи многу бавно. Практично се чека да се видат кои ќе бидат следните политики и тие програми потоа се кратки.

И тоа не му дозволува на бизнис секторот да планира долгорочно“, вели Петрески.

Како клучни фактори кои треба да помогнат за достигнување на задоволително ниво на потенцијалот во државата, таа пред се ги издвојува образованието и здравството. Според истражувањата на „Finance think“ се исто така приоритет за граѓаните.

„Подобрувањето на квалитетот на образование и на здравството се следните две теми кои граѓаните сметаат дека треба да бидат во фокусот. Не видовме подобрување кај овие две гранки кои пак се мотор на граѓаните.

Благица Петрески

Се работи за клучни сервиси кои ги нуди државата, кои пак треба да ја подобрат состојбата на граѓаните. Ако се подобри квалитетот на овие два сектори, ќе имаме далеку подобра основа за прогрес на економијата“, вели таа.

Нo можеби најважното, заклучува Петрески, е дека нам ни фалат долгорочни стратегии и конкретни планови за економски раст, за вработеност. Целта е да се генерира пораката кај младите дека без разлика кој ја води државата, тие можат да планираат долгорочно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 16 =