Петра Селишкар: Филмот „Тело“ го работам 20 години

You must need to login..!

Опис

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж финансиски го поддржа новиот документарен долгометражен филм „Тело“, кој е словенечко хрватско македонска копродукција на Петра Селишкар.

„Се работи за филм кој го снимаме веќе 20 години за една моја блиска другарка, Уршка, којашто 23 години се бори како хероина со многу различни автоимуни болести. Приказната почнува на Преспанско езеро кога таа плива кон Змискиот остров и кога всушност почнува нејзината болест, а ние тоа случајно го снимивме. Се работи за енцифалитис, кој по неколку денови се манифестира како кома и подолго време не се знаеше што и’ се случило. Таа се буди во Љубљана, во болница, нзнаејќи ниту која е, таа не знае ниту дека има ќерка и мора повторно да сфати која е, дека е пијанистка, таа исто така мораше да научи да оди, но она што цело време ја држи е нејзиниот хумор.

Нејзината борба не завршува, по неколку години, кога ја добива втората ќерка добива васкулитис на мозокот. Но и покрај сите нејзини проблеми, филмот е хумористичен, бидејќи единственото што ја држи е нејзиниот дух“, вели за Утрински брифинг, Петра Селишкар, режисерка, продуцентка и една од основачите на фестивалот „Македокс“.

За успехот на нејзините проекти во европските фондови вели дека кога се конкурира треба точно да се знае за што е приказната, а темата да е темелно истражена, тоа е е клучниот фактор. Исто така, своја улога има и тоа што во проектите се вклучени доста меѓународни партнери, потоа присутноста на голем број фестивали, како и многу работа и во продукцијата, но и во развојот на темите и разработката на проектите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − five =