Петковски од Ајде Македонија: Ме радува што кај граѓаните има интерес да донираат и да помогнат онаму каде што е напотребно

You must need to login..!

Опис

Ајде Македонија – Сите сити е граѓанска мрежа, која започна во 2011 година, кога различни граѓански организации низ Македонија се обединија заедно за да ја исчистат целата земја во еден ден. Оттогаш, Ајде Македонија го прошири овој модел и почна да работи на проблемот од коренот на причината – производителите на отпад, наместо само да се чистат ефектите од производството на отпад.

Сите сити создава систем со цел вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и e безбеден за употреба, да не заврши во депониите туку кај гладните. Мисијата на Асоцијацијата е да ја види Македонија како земја во која добрата храна не се фрла.

Гостин во Утрински брифинг беше Виктор Петковски кој изјави дека во моментов се подготвуваат пакети за оние за кои им е најпотребно.
-Нахрани 10.000 се организира сва пати годишно. При тоа членките на нашата мрежа имаат поставено штандови пред маркетите низ цела држава за на граѓаните да им биде полесно да донираат. Ме радува што кај граѓаните има интерес да донираат и да помогнат онаму каде што е напотребно, вели Петковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + fifteen =