Петковски: На СДСМ му требаат партнери, а не „придружни“ вокали за изборите

You must need to login..!

Опис

Законот за ЈО е камен на сопнување помеѓу двете најголеми партии кој направи и своевиден проблем во Собранието. Има и изјави дека изборите може да се одложат додека не се донесе овој важен закон. Треба ли избори да се условуваат со овој важен закон.

– Ако се бара консензус од сите пратенички групи да се донесе законот за ЈО како услов да се одржат избори, верувајте дека избори никогаш нема да има, изјави Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието и претседател на НСДП.

Факторот ВМРО-ДПМНЕ грчевито се бори да не помине законот за ЈО – стравот процесите против нив да бидат побрзо процесуирани ги кочи ЕУ интеграциите

– Причина е тоа што нема да поминат преку факторот ВМРО-ДПМНЕ, односно со новиот закон им се скратуваат роковоите на постапките и предметите што се водат против нив побрзо да бидат процесуирани.

– Така што оваа грчевите борба што ја водат не е да им биде подобро на граѓаните, да фукционира владеењето на правото, да имаме слободно судство, туку како да се спасат да одат во затвор.

Кристина Атовска и Тито петковски во Утрински брифинг

– Сметам дека е добар ставот на Заев дека законот е добро да се донесе затоа што тоа само може да ни ги подобри шансите за добивање на датум за почеток на преговорите.

Тоа не се лидери, тие се само претседатели на партии

Тито Петковски

Околу прашањето дали избори ќе има, Петковски вели дека не знае дали избори воопшто се закажани за да ги има.

Да сум на место на Џафери не би распишал избори

– Да бидам појасен. Ние имаме средба на престедатели на политички партии. Тоа не се лидери, тие се само претседатели на партии Да се виде лидер е возвишена работа. Една неформална група се договори која нема ниту Уставни ни законски надежности да донесе одлука да се распушти парламентот. Законот е јасен – избори се одржуваат откако ќе се распушти Собранието, вели Петковски.

– Јас да сум на место на Џафери не би ги распишал изборите. Не може да не го викнете човекот на тие средби човекот кој што треба да ги распише изборите – претседателот на Собранието. Треба да сфатат претседателите на партиите дека не може тие да го раководат целиот политички систем.

По Киро Глигоров, само Пендаровски покажува лидерство

Прашан кој според него е вистински лидер во земјава, Петковски рече дека по Киро Глиговоров во денешно време актуелниот претседател на државата, Пендаровски, покажа лидерство затоа што не ги следи партиските агенди, туку се однесува како вистински државник.

Во пресрет на изборите, Петковски рече дека НСДП веќе ги состави листите, но се уште нема одлука со кого ќе коалицираат.

– СДСМ се уште не нема повикано на разговори. Еве ги повикувам ако сакаат висстински партнер а не само придружни вокали што поскоро да не повикаат на средба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − four =