🎥 Петковски: На овие избори се разби дуополот СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ

You must need to login..!

Опис

Ова е идеален момент ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека се реформира. Колку ова ќе значи прекинување на традицијата на Груевски, не сум убеден. Цело време да се игра на седење на две столици не им носи резултат и можеби ова е најава дека ќе се откажат од наследството што им го остави Груевски, изјави за Утрински брифинг граѓанскиот активист и доскорешен извршен директор на Центарот за Европски стратегии – Евротинк, Љупчо Петковски во врска со вчерашните најавени реформи после ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Две работи ми оставија впечаток после изборите. Едната е успехот на Левица кој веројатно беше очекуван. Левица е една мала популистичка партија која преку социјалните мрежи успеа да се протне покажувајќи дека е единствена која може да пркоси на естаблишментот, вели Петковски.

-Стравот од раст на било какви политички движења што излегуваат од тесните граници на политичкиот центар наликува на европски тренд. Овој страв ме потсетува на најразвиените западноевропски трендови. Јас имам чувство дека Левица има потенцијал за раст, но вистинското прашње е зошто луѓето се идентификуваат со вакви партии. Мојот став дека кабаетот е кај големите партии, односно дека не испорачуваат она што го ветуваат. Третата најбитна работа е што со овој успех се разби она табу дека може да се пробие оној дуопол на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Затоа успехот на оваа партија треба да е лекција дека нешто треба да се промени во изборниот модел, изјави за Утрински брифинг Љупчо Петковски.

Говорејќи за пост-изборните комбинаторики Петковски смета дека тешко е да се претпостави кој и како ќе коалицира. Се уште никој не знае. Се оди од формирање на Влада со ДУИ, до отцепување на пратеници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + ten =