Петковски за проблемите во НСДП: Создадов простор за натпревар меѓу сите членови

You must need to login..!

Опис

-Јас од самиот почеток на отворањето на постапката на редовен Конгрес решив партијата да биде транспарента, што би ја красело една демократска партија. На самиот старт со отоврањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазедоа став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата, изјави во Утрински брифинг Тито Петковски.

Според Петковски пресвртот во партијата се должи на заддржување на функциите и привилегиите.

-Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен, вели Петковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 − 12 =