Петковски: Во владата на Груевски влеговме под притисок, иако знаев со кого си имам работа

You must need to login..!

Опис

Политиката во различни делови на светот различно е перципира, па така како што вели Тито Петковски во Утрински брифинг, по 50 години во Македонија еден политичар е стар. Тој го најави своето повлекување од светот на политиката.

-По падот на комунизмот преовладуваше мислење дека сѐ што било во политиката треба да си замине и да доаѓаат некои нови млади луѓе. Во политиката логичен тренд беше да дојде до смена на генерации и на сцената се појавија млади и амбициозни политичари кои имаа добра реторика иако не и резултати, вели Петковски.

Петковски во врска со неговото најавено повлекување од политиката вели дека зад него останува партијата НСДП која постои 17 години.

Многу историски важни периоди во Македонија останаа незабележани оти повеќето политичари зад себе не оставија пишани материјали за годините на политичка активност.

-Како лична обврска го чувствувам оставањето траг за времето кога сум учествувал во политиките, вели Петковски најавувајќи ги своите мемоари кои би требало да излезат од печат кон крајот на годината.

Со политика Петковски се занимава од 1986 година. Во независна Македонија тој е сведок на многу клучни историски настани, а самиот го издвојува самиот чин на создавањето независна држава иако држава имавме и во рамките на Јуославија.

-Од распадот на Југославија ние најмногу изгубивме затоа што кај нас артикулацијата на политичките идеи се водеше во насока на суверенитет на етнички заедници, а не на граѓанинот, вели Петковски.

Во врска со периодот на поддршка за владата на Груевски, Петковски вели дека во 2006 година НСДП на изборите настапи самостојно и освои 7 пратеници, а СДСМ не можеше да состави влада.

-Преговаравме со ВМРО-ДПМНЕ и под силен притисок на тогашната амбасадорка на САД Миловановиќ се формираше таа влада, иако јас знаев со кого си имам работа. По шест месеци видов кои се неговите политички амбиции, кое е неговото кредо… и по една година ние се разијдовме. Клучно беше за нас Македонија да се гради како слободна држава на слободни граѓани и тука се разијдовме со Груевски, вели Петковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 − nine =