Петкова: Законот за социјална заштита доцни два месеци, коалицијата А/АА треба да даде одговор зошто

You must need to login..!

Опис

Новите измени со законот за социјална заштита се однесуваат на личната асистенција за децата. Порано со стариот закон за социјална заштита право на лична асистенција имаа само лицата од 18 до 65 годишна возраст, сега со овие измени границата се спушта подолу и право и услуга на лична асистенција ќе имаат и децата од 6 години.

Целта на законот е да се овозможи овие деца да ги добијат услугите за личен асистент затоа што тие се со намален функционален капацитет и со помош на личните асистенти да можат да ги остваруваат своите секојдневни потреби. Овој закон е подолго време во Собранието, меѓутоа со комисијата за труд и социјална политика располага и ја води Алијанса за Албанците и Алтернатива, тие најдобро знаат зошто толку време го одолговлекуваат законот и зошто требасше толку време да помине за да го стават на комисија, вели за УБ пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Ангелина Петкова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + one =