Петар Андоновски: Министерството за култура нема критериуми кога ги доделува средствата за издаваштво

You must need to login..!

Опис

Петар Андоновски е млад писател, добитник на наградата „Роман на годината“ (2016) кој реагира на начинот и висината на средствата што ги доделува Министерството за култура за проекти од национален интерес. Тој на социјалните мрежи меѓу првите реагираше за доделените средства за издавачката дејност. „Она што е најдискутабилно кога станува збор за националната програма, не само оваа година, е кои се критериумите.

Проблемот е што нема критериуми, затоа што кога би ги имало – половината од книгите на кои им се доделени средства за национален интерес не би ги добиле. Навистина кај тие книги не можам да препознаам каде е националниот интерес. На пример, мене не ми е јасно како може за собрани дела од Горан Стефановски да бидат доделени 90 илјади денари, а 180 илјади денари за сосема непознат автор. Не сум против да им се доделуваат пари на нови автори, но 90 илјади за Стефановски кој е национален бренд – тоа е потценување, вели тој за Утрински брифинг.

Андоновски вели дека во оваа држава не може да се биде професионален писател. „Кога државата ќе ви додели цели 90 илјади денари а со нив треба да биде покриено печатењето на книгата, лектоура и сето она што се подразбира под подготовка за издавање на една книга, а паралелно со тоа треба да ви биде покриен и хонорар за напишана книга, тогаш е навистина невозможно да живеете со некој хонорар од педесетина илјади денари до наредната книга.

Затоа сите сме принудени да работиме нешто друго, а тоа се одразува на квалитетот на нашите книги“, додава писателот Андоновски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven + nineteen =