Перински: Цената на водата нема да поскапи

You must need to login..!

Опис

Досегашното работење и функционирање на ЈП Водовод и канализација е на увид на финансова ревизија од надворешна финансова куќа која претпријатието има обврска да ја направи на крајот на секоја фискална година, рече денеска во Утрински брифинг Златко Перински.

  • Паралелно работиме и неколку ревизии кои се однесуваат на реконструкциите на постојната водоводна и канализациона мрежа. За жал, првичните наоди кои ни ги даде таа ревизија евидентираат отстапувања во процедурите. Станува збор за две локации и три реконструкции каде што изведувачите се воведени во работа без склучен договор, што претставува сериозен прекршок. Постапката се уште е во тек, немаме конечен ревизорски извештај но првичните резултати се загрижувачки. Доколку се констатираат овие прекршоци кои ги има во нацрт извештајот, ние ќе ги информираме надлежните институции, рече Перински.

Скопјани можат да бидат спокојни, цената на водата нема да поскапи.

  • Да го цениме природниот ресурс кој го имаме како државата, а тоа е чистата вода за пиење, која според релевантните институции е втора по квалитет во Европа, веднаш по Виена, а истовремено и најевтина во однос на другите европски градови. Иако цената на водата ја одредува Регулаторната комисија, ние како претпријатие нема да побараме поскапување иако сме соочени со предизвици како од пандемијата така и од ценовните шокови. Периодот кој следи ќе се сконцентираме на реконструкција на мрежата каде што има поголеми губитоци на вода и опасност од дефекти со цел да превенираме прекинато водоснабдување. Главен фокус ќе биде делот од општина Гази Баба каде што дефектите се најчести, по што активностите ќе се префрлат на територија на цело Скопје, вели Перински.

Со можноста да се наплатат заостанатите долгови на рати без камата, која претпријатието Водовод им ја нуди на граѓаните им се излегува во пресрет на самите граѓани но и се олеснува наплатата на долговите која во минатото се одвивала со потешкотија, рече денеска во Утрински брифинг директорот Златко Перински.

  • Претпријатието нуди можност на 48 рати да се испалтат заостанатите долгови за домаќинствата. Досега имаме склучено околу 115 договори во вредност од околу осум милиони денари. Досегашната пракса покажува дека граѓаните најчесто се активираат во последните денови од повикот, па очекуваме во следниот период да се зголеми бројот на договори. Со цел да се избегне метеж, би сакал да ги повикам граѓаните да не чекаат последен момент за да ја искористат оваа можност, и уште денеска да дојдат со што ќе го подмират долгот кон претпријатието на рати.

Минатата година Водовод има потрошено околу пет милиони денари само на санација на сливници и шахти. Со тие пари би можело да се реконструира повеќе од 500 метри водоводна и канализациона мрежа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + eighteen =