Пепељугоски: Приватните болници со ковид екстра профит

You must need to login..!

Опис

Државата ја создава рамката – рамката ја имаме. Тоа е Законот против нелојалната конкуренција, Законот за заштита на потрошувачите, и Кривичниот законик. На помош секогаш е Законот за индустриска споственост. Едно е создавање на правната рамка, но многу побитно е следењето на состојбата на пазарот. Ако вие не ја следите состојбата на пазарот и ако не им овозможжите на играчите да играат фер – тие нема да играат фер. Трговците се снаоѓаат на најразлични начини. Тие гледаат дали нешто моќе да помине на пазарот неказнето и ако може така да помине тие нема да играат фер. Инаку по дефиниција тие би требало да постапуваат согласно добрите деловни обичаи иначинот на совесност и чесност. Се разбира тука секогаш треба да го имаме во вид „неговото височество“ потрошувачот. Не смее да го заведуваат, лажат, омаловажуваат, а сведоци сме дека тоа се прави и останува неказнето, изјави во Утрински брифинг адвокатот Валентин Пепељугоски.

Големиот процент на сива економија влијае негативно. Во одредени граници, теоретичарите во светот укажуваат дека сивата економија делува позитивно, но тоа е во мали граници до 5%. Се над тоа делува деструктивно на пазарот. Вие ги дестимулирате оние кои вложуваат и работат лојално, вели Пепељугоски.

Агенциите или службите на присила мора да делуваат. Имаме и секотр за компутерски криминал, имаме Агенција лекови, имаме Пазарна инспекција која не треба да делува само физички на пазарите. Денеска поголемиот дел од трговијата се врши преку интернет, па и кај нас сме сведоци дека електронската трговија добива до значење и процените рапидно растат. Околу квалитетот на прозводите што се нудат, надлежните служби треба да реагират. Доколку се продава т.н лек вие не можете да го пуштите ако не ја помине онаа стандардна процедура. Добро би било овие надлежни служби да земат примероци и да проверат и видат дали она што се декларира соодтветствува со вистината, бидејќи баш тука е делот со нелојалната конкуренција. Тука посебно би сакал да апострофирам – Здружението на потрошувачи, Стопанската комора, сите имаат своја улога. Но не би требало ние како потрошувачи да чекаме само државата д ани ја работи таа работа. Ако сметаме дека сме излажани, самите можеме да покренеме постапка, вели Пепељугоски.

Делот на државната помош од аспект на заштита од монополското однесување

Државата не смее да стимулира ан блок. Таа точно треба за секој поединичен случај треба да одлучува дали ќе му даде државна помош или не. Постои Закон за државна помош кој што има услови кои треба да бидат исполнети. Јас се согласувам дека нашите стопанственици со право бараат да бидат изедначени со фирмите кои што се во ТИРЗ. Не може вие некому да му платите придонеси за платите на работниците, поефтина струја, вода, земјиште и тоај да биде лојален. Значи самата држава, давајќи државна помош, стимулира неееднаква полоќба на пазатрот. Нивниот импут е сосема различен.

Сметките кои ги плаќаат граѓаните во приватните болници

Мора да се стави тред. Државата во услови на пандемија посебно треба да внимава некој да не ја злоупотребува положбата. Па видовте дека државата има право да ги стави во функција на јавното здравство приватните болници, при што треба да им поопредели правичен надоместок за услугите кои ќе ги дадат. Ако се случи во јавното здравство да немам кревет, нормално е дека мора да дојдат приватните боплници и тоа ќе биде со одлука на владата. Многу држави тоа го направија. Има сектори, поготово здравството кое е од круцијален интерес за граѓаните и државата. Вие не можете да дозволите некој да прави екстра профити на сметка на несреќата на граѓаните.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × one =