Пенкалото е нашето оружје, потребна е институционална борба за правата на Ромите – ништо не решаваме ако се правиме „Сандокан“ преку ФБ

You must need to login..!

Опис

Жители од кочанската населба „Трајаново трло“ претепале 10 годишно дете (Ромче) за наводна кражба (не се знае што е украдено). Веднаш по настанот на одредени портали осамна информација дека на 11 април, оваа година, околу 21 часот дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата „Трајаново Трло“ во Кочани и група крадци – Роми, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди. Но, ниту еден од тие медиуми не ја спомна снимката со тепањето дете и зошто всушност дошло до физичка пресметка.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како жителите на „Трајаново Трло“ физички малтретираат малолетно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба. Се слуша и како детето плачејќи ги моли да го однесат кај мајка му, но наместо тоа, тој добива клоци, шамари и тупаници…

Здружение на правници Роми, ќе поднесе поднесе кривична пријава против непознат сторител за кој што според кривичниот законик за малтретирање и претепување на малолетник следи затворска казна од минимум 4 години.

Од здружението побараа итно расветлување и разрешница на случајот од надлежните институции и апелираа на соодветно медиумско информирање на јавноста согласно етичните вредности и принципи од кодексот на новинари.

Во Утрински брифинг гостуваа Зоран Димов, претседател на Светска ромска организација и Шенај Османов, директор на Здружение за правата на Ромите Штип.

-Немаше потреба да дојде до тој степен да биде малтретирано детето. Детето беше да купи цигари. Овој инцидент е само од причини што Ромите не ги сакаат. Не сакаат таму да се живее во заедница со ромската популација. Знаме дека дваесетина луѓе се приведени, но не знаеме против кого се поднесени кривичните пријави, вели Османов.

-Зачестуваат инцидентите низ цела Македонија. Ова не е инцидент само да се каже дека е меѓу младите. Ова е човек да се згрози – девет луѓе да тепаат дете. Не знам зошто УНИЦЕФ, Меѓаши, Хелсиншки не излегуваат со свој став? Ромските политички партии како се уште да спијат. Но има и друга димензија. Детето е од незгрижено семејство. Таткото да не изигрува Сандокан преку ФБ дека ќе убива. Ако беше голем маж требаше да го чува своето дете.

Целиот разговор со Димов и Османов погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + three =