Пачкова: Потребна е женската библиотека за да што повеќе жени се информираат и едуцираат за своите права

You must need to login..!

Опис

Здружението „Една може“ на почетокот на март упати јавен повик за академски трудови, извештаи, анализи, публикации, полиси брифови, студии на случаи, компаративни анализи и друга родово сензитивна, феминистичка и женска академска литература со цел да направи онлајн женска библиотека.

„Идејата за библиотека на „Една може“, не е нова, датира од 2016 година, кога во нашите први канцеларии имавме голема фреквентност на членките и кога со помош на донацијата на Универзитетската библиотека изградивме физичка библиотека и имаше добар одзив на читателки, но не се работеше само за феминистичка литература, туки имавме и прозни и поетски книги, а и лектири за ученици кои се позајмуваа на оние кои не можеа да ги купат. Но, оттоаш остана свеста за потребата на женска литература: академски трудови, анализи на политики и текстови од најразлични области пишувани од жени. Ресурсите се ограничени кога станува збор за македонски авторки, аналитичарки, истражувачки.

Ова го поврзувам со проблемот на ниското учеството на жените во општествените збиднувања. Електронската женска библиотека би овозможила максимална дотапност до информации и ресурси кои се создавани и креирани од жени. Нашата цел е секој да може да го восприема женското писмо и на тој начин да се сензибилизираат за женските права и потреби, а младите во процесот на образование да можат да реферираат на академски трудови од женски авторки.

Кај нас многу мал број авторки го обработуваат женското пишано наследство. Исто така, авторките кои не се доволно признанеи во општеството би ги афирмирале како авторки од кои можат да се црпат релевантни и аргументирани податоци“, вели за Утрински брифинг, Дороти Пачкова, претседателка на здружението „Една може“. Таа додава дека има заинтересираност и од авторките да донираат свои дела, но и од читателите што е добар индикатор дека има потреба за ваква женска библиотека, како обид за унапредување на женските права.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × two =