Пачкова: Потребен е државен трансфер на средства наменет за еднородителските семејства

You must need to login..!

Опис

Не постојат официјални податоци за тоа колку самохрани родители има во државата и за тоа со кои предизвици тие се соочуваат, вели за Утрински брифинг, Дороти Пачкова, претседателка на здружението „Една може“. „Во нашето последно истражување за тоа како влијае пандемијата врз функционирањето на еднородителските семејства, 270 испитанички одговорија дека влијае катастрофално, а тоа е така бидејќи не се развија државни механизми за спречување и анулирање на штетите предизвикани од ковид состојбата.

Се случува еден сеопшт регрес на положбата на самохраните родители поради губењето на работните места, намалувањето на приходите во семејствата, бидејќи голем дел од самохраните мајки беа дел од неформалниот пазар на труд токму поради непостоењето на државен механизам кој би го овозможил слободниот пристап на пазарот на трудот.

Овие семејства останаа без приходи и поддршка, децата не се згрижени во државните јавни установи за згрижување на деца од предшколска возраст, а училиштата беа затворени. Дел од жените добија отказ и тоа на нечовечки начин, но многу беа принудени и самите да си дадат отказ бидејќи немаше кој да се грижи за децата“, вели Пачкова.

Здружеието „Една може“ реагирало и понудило анализа и можни решенија според странски примери кои ја решаваат самохраноста за време на пандемија. Предложиле владата да овозможи отворање на дневни центри за згрижување на децата или да направи државен трансфер на средства кои би биле наменети за еднородителските семејства, кои со тие средства би платите тутори и дадилки за своите деца или тие средства да бидат надомест за платата која им е оневозможено да ја заработат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 3 =