Пачкова: Историска шанса е парламентарците да ги вклучат самохраните мајки во новиот закон за спречување на семејно насилство

You must need to login..!

Опис

Не се доволно разбрани самохраните родители при доделувањето на еднократна помош како делод мерките за справување со последиците од пандемијата а за тоа говори фактот дека се работи за еднократна помош во висина од 6000 денари и тоа само на исклучително мала група од големиот број самохрани родители, смета Дороти Пачкова, претседателка на здружението „Една може“ кое се застапува за унапредување на правата на еднородителските семејства.

„Сите чекори кои овие месеци ги презема нашата граѓанска организација се во насока на сензибилизирање на оние што одлучуваат да разберат дека всушност не ја завршиле работата со само една мерка која има малку влијание бидејќи е еднократна, а и се работи за мал опфат на луѓе кои можат да ја користат. Од нашето здружение аплицираа околу 500 самохрани мајки, а поголем број од нив воопшто не беа земени предвид за оваа мерка бидејќи не спаѓаат во предвидените категории самохрани родители. Ние детектиравме осум видови самохрани родители според настанокот на еднородителско семејство, а мерката за еднократна помош опфати само две од овие категории. Ние како здружение поднесовме жалба до владата, но се’ уште немаме никаков одговор“, вели за Утрински брифинг, Дороти Пачкова, претседателка на здружението „Една може“.

Минатиот месец на иницијатива на здружението „Една може“ се одржа седница на Собранието на која тие ги изложија своите решенија и забелешки за предлог-законот за спречување и заштита од насилство на жените и семејното насилство. „Ние се обидовме да укажеме законот да не биде родово слеп и да биде во служба на оние за кои е создаден, од една страна и од друга страна, оваа е можност за која искрено се надевам дека парламентот нема да ја пропушти – за прв пат во историјата на Македонија да ги вклучи самохраните родители како посебна целна група и во законот да ја стави дефиницијата за самохраност и еднородителско семејство согласно со амандманите што ги поднесовме.

Исто така бараме да се смени дефиницијата за самохран родител, која сега ја има само во законот за заштита на децата од пред 15 години, како и дефиницијата на ранливост која е и социјална консрукција. Поднесовме конкретни забелешки тие се европски предлози, односно успешни примери, парламентарките не’ слушнаа и останува на 18 јануари да ја напишат историјата и да ги вклучат самохраните родители“, додава Пачкова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 7 =