Паскали: Ние сме една држава која што стана депонија – Охридското езеро е во фаза на неповрат, Вардар стана индустриско течение

You must need to login..!

Опис

Ние сме една држава која што стана депонија. Моја област е заштита на водите, а највеќе сум насочен кон заштита на Охридското езеро. Единствена работа која може да не спаси од ова лудило со ѓубрето е тргање на пластиката за еднократна употреба од нашите животи. Користење на органски материјали, некористење на пластика, тоа е спасот. Со рециклирање на пластичните материјали се враќаме на истата проблематика значи повторно ќе се затрупуваме во отпад, изјави за Утрински брифинг Никола Паскали, археолог (подводна археологија) и истражувач.

Свеста кај луѓето е на многу ниско ниво. Мислат дека ако нешто фрлаат во вода и не го гледаат повеќе, дека тоа го нема. Тоа истото многу години ќе го девастира живиот свет на местото каде што се наоѓа. Ние повеќе од 10 години работиме на подигнување на свеста и подигнување на луѓето од својот комодитет и самите да си ја исчистиме државата, а не да чекаме некој друг да го стори тоа, вели Паскали.

Сведоци сме дека кога нашите граѓани кога одат во странство, каде што казните се многу високи, се однесуваат дисциплинирано, не фрлаат ни отпушоци, ни мастики, а во својата земја фрлаат бојлери, кревети…

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − three =