Парушев: Музиката е опширна, тоа е мојот израз, јас сакам комплицирани работи

You must need to login..!

Опис

-Конечно снимив свој албум. Соработував со сите овие години со голем број на колеги. Оваа година добив и проект од Министерството за култура, за конечно да направам нешто малку поголемо. Ова ЦД е една ретроспектива на мојата авторска музика. Има пет нови песни две стари, изјави во Утрински брифинг Михаил Парушев, еден од нашите најистакнати тапанари.

-Ги работев со истите музичари со кои соработувам цело време. Тоа се Зоран Костадиновски на гитара, Дамир Имери на клавијатури, Дарко Мучев на бас. Во овој состав требаше да биде трубач Александар Николовски кој за жал ненадејно почина, го замнеи Сенад Усеин на труба, Петар Христов на кларинет, додадов мало трио од стрингови, на виолина Михајло Михајловски, Сања Смилевска на виола, Фјола Имаили на виолончело, Емин Џиан е како супервајзор, и главен продуцент, снимател, мастеринг е Мите димовски од студио „Тралала“, вели Парушев.

-Музиката е опширна. Тоа е мојот израз, јас сакам комплицирани работи. Мегаломан сум и во свирењето, не сакам да свирам како „бубњар“, си свирам како да сум солист, но оставам простор и за другите затоа што стварно не има. Долго е мислено ова. Искористив доста мотиви од минатите песни, како што и сите прават. Стинг има една песна и после неа има напревено 100 исти такви, додава Парушев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 + 16 =