Панов, кандидат за претседател на Бугарија: Разумот треба да проговори, емоцијата треба да се канализира

You must need to login..!

Опис

Јас сум судија повеќе од 20 години. Треба да решавам многу спорови. За жал Бугарија е заробена држава. Не успеавме да докажеме на бугарското општеството и на ЕУ дека има правна држава, чесност. Тоа е основната причина да се кандидирам, изјави за Утрински брифинг Лозан Панов, кандидат за претседател на Бугарија.

-Главниот обвинител е една фигура која е по советски модел. Модел кој не дава обвинителите да работат самостојно, додава Панов.

-Во Бугарија има политичка криза. Сега ја имаме високата цена која Бугарите ја плаќаат за ковид ситуацијата на Македонија. Процентот на вакцинирани е многу мал, па дури и помалку од Македонија, вели Панов.

-Немаме кампања за вакцинирање. Во Бугарија се носат маски во поголемите градови, додека во помалите места тоа не се прави.

-Јас сум единствениот кандидат кој ја посетува Македонија. Ако сакаме да градиме мостови тоа е единствениот европски начин на функционирање. Тука сум да дадам подадена рака кон Вас и да не зборам со говорот на омраза. Тоа не води никаде.

-Емоцијата треба да се канализира, треба да разговараме без агресија. ТРеба да се научиме да ги слушаме спротивставените тези, со разум.

-Секоја шанса треба да се искористи. Јас сум за тоа да продолжат разговорите и има луѓе кои се спремни за дијалог, вели Панов.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 11 =