Пановски: Мафијата беше победена во Италија, ќе биде победена и во Бугарија

You must need to login..!

Опис

Состојбите во Бугарија стана неопходно да се следат оти тамошната внатрешнополитичка ситуација е исклучително компликувана и тоа се одразува на Македонија.

-Знаеме колку време во Италија паѓаше мафијата. Кога една мафија ќе ја завладее државата тешко ја остава. По мене тоа е проблемот во Бугарија. Има медиуми кои ја дезинформираат тукашната јавност дека вечер ќе падне владата на Кирил Петков, но тоа е процес што трае 24 часа. Мое мислење е дека бугарската влада ќе падне, но да почекаме да видиме, вели Михаил Пановски, поранешен пратеник, за Утрински брифинг.

Тој истакнува дека проблемот со Македонија воопшто и не се споменува во овој процес на туркање на владата туку дискусијата во бугарското собрание се одвиваше околу економијата.

-Таму Македонија не е тема во институциите, тоа е тема за дебатни емисии, вели Пановски.

Прва причина е што министерот за регионален развој Караџов, припадник на Има таков народ, бараше огромни суми за работи кои погрешно се фактурираат, потоа се отвори и уште еден криминал на граничниот премин кон Турција чија санитарна инспекција е дадена на приватна фирма блиска на Бојко Борисов, информира Пановски и додава дека Кирил Петков застанал на пат на „оваа печатница за пари“ која ја засега и ЕУ.

Под директна команда на мафијата, конкретно на најголемиот мафијаш Делјан Пеев, се и бизнисите од сферата на енергетиката од каде се корумпира целата политичка елита.

-Претседателот на турската партија ги влече конците од неговиот сарај, Бојко Борисов од предградието на Софија, Слави Трифунов кој знае од каде, никаде ги нема а со сѐ раководат, вели Пановски.

Јавниот обвинител Гешев не поднесува кривични пријави и не постапува по поднесените пријави за криминал. Затоа, актуелната влада се обиде да ја зајакне антикорупциската комисија но и тој обид беше задушен од партијата на Трифунов, ИТН.

-Во Европа многу добро знаат што се случува во Бугарија со корупцијата и има документирано случаи за милиони и милиони евра, вели Пановски. – Русија е во целата позадина на криминалот, таа ги корумпира политичките елити. Земете го примерот со гасоводот – во сите земји Газпром вложуваше, а во Бугарија вложи државата затоа што Бојко Борисов е уценет од Москва. Борисов се прави голем Европеец, а работи за Москва, вели Пановски.

Оваа влада за шест месеци успеа со големи напори да го заврши интерконекторот за гас од Азербејџан, кој е поевтин од рускиот, а од друга страна земјата се ослободува од руско влијание, појаснува Пановски.

-И владата во Бугарија да падне, Петков политички нема да падне затоа што народот е свесен што се случуваше овие шест месеци. Ако владата падне, мандатот повторно треба да се даде на партијата на Петков, па ќе видиме што ќе се случува. ГЕРБ не сакаат избори оти коментарите на независните аналитичари велат дека да се втурне земјата во избори во време на низа различни кризи е неодговорно. Од друга страна, зад Петков застана партијата на социјалистите БСП, која има тешко наследство во времето на социјализмот. Но имаат стандардно гласачко тело, па ако добијат доволно гласови на избори Петков може со нив да коалицира, вели Пановски.

Што се однесува до бугарскиот претседател Румен Радев, Пановски вели дека го викаат политички лисец, кој игра двојна игра и надобро плива во состојба на хаос. Според Пановски, времето на Радев е минато.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

15 − four =