Пановски: И во Бугарија и во Македонија има инсталации кои се ќе направат да не влеземе во ЕУ

You must need to login..!

Опис

Со интензивирањето на контактите меѓу Бугарија и Македонија, со новите лидерите на владите, се отвора простор за занирање на нарушените односи меѓу двете земји.

-Во август лани односите ни беа најмногу нарушени во историјата, а за тоа најмногу се виновни тогашните преговарачи Зоран Заев, Бојко Борисов, Никола Димитров… За кавга секогаш се потребни двајца. Ова што се случува во последниве денови е позитивен исчекор и се надевам дека ќе заврши добро, вели Михаил Пановски, поранешен пратеник и аналитичар.

Тој вели дека ако 1992 година сме донеле декларација во Парламентот дека сме насочени кон НАТО и ЕУ, треба да се движиме кон таа цел.

-И во Бугарија и во Македонија има инсталации кои сѐ ќе сторат Македонија да не дојде до крајната цел, да се приклучи кон ЕУ. Петков има многу проблеми кои овдешната јавност не ги знае. Вчера беше нападнат од потпретседателката Јотова. Во неговата владина коалиција има две партии кои се проблематични. На пример, му беа предложени за советници пет луѓе за кои е докажано дека работеле за Русија. И тука во Македонија има луѓе кои имаат интерес ние да останеме каде што сме. Овдешните инсталации кои се поставени од Белград ќе сторат сѐ да се растурат односите, вели Пановски.

Тој додава дека центарот е во Москва и на двете подземни инсталации во двете земји. Според него, проблемот може да го решаваат само чисти луѓе, неоптоварени со ништо. Петков и Ковачевски се такви, но прво мора да си расчистат во своите куќи, а ако не го сторат тоа ќе паднат, коментира Пановски.

За Пановски е сосема прифатливо и Бугарите да влезат во Уставот.

-Бојко Борисов и Никола Димитров ќе сторат сѐ да се нарушат односите. Тезата на Димитров беше да се одолговлекува процесот и по дипломатски пат некој друг да го реши проблемот. Ние почнавме со најтешките работи, со историјата. Подобро е да почнеме од економијата, вели Пановски.

Опозицијата мора да биде вклучена во решавањето на овој проблем и добро е што Кирил Петков се сретна со Христијан Мицкоски, но обврска на Ковачевски и Петков е да најдат начин да се спушти говорот на омраза во двете земји, коментира Пановски. Тој додава дека не се проблем само социјалните мрежи туку и дека има медиуми кои шират омраза.

-Јас мислам дека Кирил Петков ќе падне за три-четири месеци. Видовме како заврши Зоран Ѓинѓиќ, видовме како заврши Алексис Ципрас. Мора да ги тргнеме на страна оние кои шират омраза. Петков има многу полоша позиција одошто Димитар Ковачевски кај нас. Петков е добронамерен, ска да напредуваме, не ни го оспорува идентитетот и јазикот, но таму во Бугарија има една структура која не може да сфати дека Македнија денес и пред 110 години не е истата. А и Бугарија има сторено грешки. На пример, БПЦ не прифати да ѝ биде мајка-црква на МПЦ туку ѝ беше побитен односот со Москва, вели Пановски.

Целиот разговор погледенете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 5 =