You must need to login..!
Опис
Предлогот за една изборна единица на пратеникот Павле Трајанов се уште не стигнал до пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и затоа ние се уште го немаме разгледано. Многу често пред избори се разговарало на оваа тема околу изборниот законик и неговите измени и пред се треба да почнеме од фактот дека сите измени мора да бидат донесени со консензус на сите политички парти.

Сметам дека прво треба да се зборува за тоа што е внатре во изборниот Законик, што е законска основа врз која треба да се раководи една власт па понатаму со консензус да видиме кои се ставките или членовите кои што ќе ги отвориме и за кои што ќе израбхотиме модел би одговарал за нашата држава и на крај кој што ќе го спроведеме во нашата држава, вели во изјава за УБ пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Ели Панова.

Целиот разговор погледенте го во видеото