Пандемија на површина ги извади системските проблеми во општеството поврзани со почитувањето на човековите права на маргинализираните групи

You must need to login..!

Опис

Мрежата за заштита од дискриминација го презентираше истражувањето на влијанието што мерките за справување со ковид-19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници „Човековите права на маргинализираните заедници во услови на ковид-19“. Теренското истражување е направено помеѓу маргинализираните заедници: Ром(к)и, сексуални работници, луѓе што живеат со ХИВ, луѓе што употребуваат дроги, жени жртви на семејно насилство и ЛГБТИ. Извештајот опфаќа повеќе области, како: влијанието на забраната и ограничувањето на движењето, правото на образование, пристапот до правда, социјалната заштита и влијанието на економските мерки.

Обврската на државата кон маргинализираните заедници за време на пандемија, е од една страна, да го заштити здравјето и на овие заедници. Од друга страна, државата има обврска да донесе мерки кои ќе превенираат дополнително осиромашување и маргинализација на ранливите заедници поради кризата, преку непропорционален ефект на ограничувањата на правата кон овие групи за разлика од општата популација. Непропорционалниот ефект кон маргинализираните заедници од мерките за справување со пандемијата, можат да значат и индиректна дискриминација сторена преку пропуштање на пресретнување на специфичните потреби на овие заедници. Оттука, пандемијата на површина ги вади системските проблеми со социјална ексклузија, ограничен пристап до правда и до јавни услуги, несоодветна заштита од дискриминација и насилство, со кои континуирано живеат овие заедници.

Клучните наоди под различните области откриваат системски недостатоци во системот на социјална заштита и во образованието, несоодветно планирање на економските мерки кои во голема мера не одговараат на потребите на граѓаните и не придонесуваат кон надминување на неповолната економска состојба. При донесувањето на рестриктивната мерка за забрана и ограничување на движењето, не се имаа предвид специфичните потреби на жените и ЛГБТИ младите, жртвите на семејно насилство и сексуалните работиници и сиромашните граѓани кои заработуваат во неформалната економија од ден за ден. Пристапот до правда беше дополнително отежнат а, притоа не се водеше сметка за потребата од итни постапки за заштита на жртвите на родово-засновано насилство. Во системот на социјална заштита се утврдија бројни недостатоци поврзани со ниските капацитети и несоодветни решенија за да се пресретнат потребите на маргинализираните групи.

Токму за човековите права на маргинализираните заедници во услови на ковид-19 гости во Утрински брифинг беа Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ и Драгана Дрндаревска од ХЕРА.

-Стануваше збор за нова пандемија за која властите немаа од почеток доволно информации како треба да се справат. Со прогласувањето на вонредната состојба се сконцентрира можта во Владата и нашата можност да учестуваваме во донесувањето на одлуки е ограничено. Ние се трудевме – пишувавме иницајтиви се со цел овие мерки да ги пресретнат потребите на маргинализираните заедници. Но мора да се земе предвид дека властите кон маргинилизираните групи во период на криза имаат обврска подеднакво да го заштитат нивното здравје и да се преземат мерки за понатамошно осиромашување и маргинализација на овие групи. Не сметам дека се водеше доволно сметка за потребите маргинилизираните групи во овој период. Власта мора д азнае какви граѓани со какви потреби живеат, особено за луѓето во ромски средини, кои што немаат вода за пиење – миењето на раце и почитувањето на мерките не значи ништо за некој кој што живее во импровизирано живеалиште, вели Дрндаревска.

-Оваа пандемија на површина ги извади системските проблеми кои ги имаме во општеството поврзани со почитувањето на човековите права на маргинализираните групи, додава Дрднаревска.

Антиќ од ЕСЕ вели дека кај нас мерките кои се донесоа во иминатиов период не дале впечаток дека се носат транспарентно и начинот на кој се прават проценките дека одредени критериуми се реално потребни.

-Постоеа и изјави од претставници на институциите каде вела дека се отворени и имаат широки дебати, но во тие дебати во најголем дел беа Стопанските комори и бизнис заедницата, а оние кои се најголеми финансиери на оваа држава- граѓаните не беа во ниту еден случај прашани, вели Антиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + eight =