Павле Богоевски: Успехот како цела држава ќе се справи со Корона зависи од тоа дали ќе ги следиме мерките и препораките на здравствените власти

You must need to login..!

Опис

Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен пат во Германија (земја од среден ризик) и наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација.

Во моментов сум без симптоми.

Прво, сакам да му честитам на Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна реакција на ситуацијата. Начинот на кој се справуваат влева сигурност и дејствува смирувачки во целиов хаос и бура од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните, напиша на својот ФБ профил граѓанскиот активист и екс пратеник Павле Богоевски.

Екипата на Утрински брифинг го контактираше Богоевски. Тој во рубриката „Да се мијам или да продолжам да спијам“ изјави дека симптоми на корона вирус нема, но дека тоа не е причина да не се следат препораките за самоизолација од 14 дена.

Во овие моменти треба да сфатиме дека се станува збор за сериозна ситуација и дека успехот на тоа како цела држава ќе се справи со Корона вирусот зависи дали ќе ги следиме мерките и препораките на здравствените власти, изјави Богоевски за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 6 =