Павиќевиќ: Сојузот на средношколци мора да биде партиски независен и не смее да биде исполитизиран, мора да биде прикажан автентичниот глас на средношколците

You must need to login..!

Опис

На Вториот конгрес на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ беше избран за нов претседател на Сојузот на средношколци со освоени 69 отсто од сите претставници што учествуваа на физичкото и онлајн гласање. Противкандидатот Емира Хусовиќ на гласањето освои 31 отсто од гласовите. Како избран претседател на Сојузот на средношколци, Павиќевиќ должноста ќе ја преземе на 10 јуни,кога ќе заврши вториот мандат на досегашниот претседател Бленди Ходаи.

„Клучната моја вредност како претседател на Сојузот ќе биде искрената верба дека средношколците се еднакви засегнати страни во сите процеси на одлучување поврзани со нив. Оваа премиса ќе биде изворот на сите иницијативи на Сојузот. Кога сме сплотени, нема нешто што не можеме да оствариме! Затоа, ве повикувам сите вас, да ми се придружите“, стоеше во неговата кандидатура.

-Патот кон остварувањето на средношколските права и учество во формирањето на образовните политики не е толку изводливо преку прокети и активности, туку повеќе се фокусира на градење на политики, односно давање предлози извештаи за некои конкретни проблеми. Во мојата програма јас и мојот тим нудевме 7 предлози, точки од кои две ги издвојуваме како најголем приорите. Првата што мора да се реши е моделот на настава кој што учениците ќе го следат од септември, изјави за Утрински бирифнг, Павиќевиќ.

-Нашиот став е дека е воведување на комбинирана настава како најдобро решение и тоа од два аспекти. Првиот е физичкото здравје на учениците и справување со пандемијата, додека вториот аспект што мора д го земеме предвид е квалитетот на наставата, социјализацијата и менталното здравје. Комбинираната настава овозможува двата аспекта да бидат испочитувани, вели Павичевиќ и додава дека овој период од три месеци мор амаксимално да се искористи за д асе постават јасни протоколи со инидкатиори.

-Ако бројката е од 0-50 сучаи во одреден град како ќе се следи наставата, или помалку или повеќе, односно да се има јасен дефиниран протокол, рамка која што училиштата ќе можат да ја следат, вели Павиќевиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 1 =