Оџата Халими со апел: Да се пазиме, но никогаш претпазливоста да прерасне во паника

You must need to login..!

Опис

Владата во своите мерки кои ги презема за разни дејствија во општество има такви кои делумно се наложуваат, делумно се препорачуваат. Во оние кои се препорачуваат, е и таква во која инстутуции меѓу кои и верските заедници да размислат како можат да ја прилагодат својата активност во рамките на една ситуација каква што е оваа со Корона вирусот, бидејќи верските објекти се места каде што доаѓа до голем број на средби, луѓе.

Од почетокот на појавата на вирусот имаме наши искажувања – првенствено да не се дозволи да се рашири паника, дека сакале или не треба паметно да се поставиме кон оваа појава. Верски, исламски гледано, пред 1.400 години кажано од пророкот Мухамед, дека ако си во едно место каде има некаква појава на некаква пандемија, не треба да се излезеш од тоа место.

Но пророкот Мухамед кажува исто така – Бегај од заразениот како да бегаш од лав. Значи треба да се пазиме, но никогаш претпазливоста да прерасне во паника, изјави оџата од Атунџук џамијата, Беким Халими.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + 10 =