Отворен пункт за хуманитарна помош за населението во Украина

You must need to login..!

Опис

Во населбата Даме Груев, во Ѓорче Петров е отворен пункт за собирање на храна, лекови, хигиенски средства и средства за чистење, наменети за настраданото население во Украина. Татјана Урбанович, организаторка на хуманитарната акција во интервју зо Утрински брифинг вели дека веќе два камиони се на пат за Украина.

  • Имаме голема потреба од храна, лекови, хигиенски средства и средства за чистење. Ги замолувам граѓаните да не донираат производи од животинско потекло потекло бидејќи имаме отежнат извоз. Производите ги доставуваме до градот Чернивци, блиску до границата, каде што има големи пунктови за собирање хуманитарна помош, а потоа со помош на волонтери помошта се распределува низ цела Украина. Првите неколку камиони со вода, долен веш и перници и постелнини се веќе испратени, објаснува Татјана.

Пунктот ќе биде отворен додека има потреба, секој работен ден.

  • Магацинот Кодинг е отворен од 8 до 19 часот во работни денови, а од 8 до 14 часот во сабота. Ако некој има желба да донира, може да не исконтактира на социјалните мрежи, ние ќе го пречекаме, но и без тоа наш претставник е тука присутен секојдневно, додава Татјана.

Македонците кои успешно се вратија од Украина досега не го контактирале здружението за обезбедување на било каква помош, од здружението „Лесла Украинка“ ги охрабруваат сите кои имаат потреба од било каква помош, да се обратат кај нив.

  • Не можеме само да седиме и да гледаме вести, мораме да им помагаме на луѓето. Ако некој има потреба од наша помош во однос на транспортот од Украина до Македонија, исто така ќе се обидеме да му помогнеме, додава Татјана Урбанович.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three + 8 =