Отворена порта: Најчести жртви на трговија со луѓе во Македонија се девојчиња од 12 до 17 години

You must need to login..!

Опис

Македонија не е имуна на криминалниот феномен трговија со луѓе, кој што е распространет низ цел свет, рече денеска во Утрински брифинг Маја Варошлија, раководител за социјална асистенција во Невладината организација Отворена Порта Македонија.

-Во Македонија се соочуваме со внатрешна трговија со луѓе во која што млади девојчиња на воздраст од 12 до 13 години, најчесто од источните кон западните делови од државата. Но морам да кажам дека во последно време го забележуваме и трендот на трудова експлоатација на возрасни мажи каде што лицата се експлоатирани во западно европските земји каде што заминуваат во потрага за подобар живот, вели Варошлија. Таа додава дека жртви се најчесто млади лица од урбаните средини, но се надвор од образовниот процес и затоа смета дека е неопходно да се поработи на вклучување на младите во образованието.

-Најподложни на овој криминал се деца од дисфункционални семејства, деца од еднородителски семејства, од семејства кои што имаат зависности и од семејства кои имаат многу низок материјален статус, кои се борат за гола егзистенција, нагласи Варошлија. Во однос на поддршката на жртвите Отворена порта има развиено програма која им помага да се реинтегрираат во општеството. -Се обидуваме да го опфатиме секој аспект во кој што на жртвите им е потебна помош и поддршка. Имаме прифатилиште за жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство кое што е единствено од ваков вид во државата и нуди сместувачки капацитет за жртвите. Им обезбедуваме храна, облека и материјална помош, хигиенски средства, медицински лекови.

Бидејќи голем дел од жртвите имаат медицински проблеми од физичка и ментална природа, во соработка со здравствените институции им обезбедуваме им обезбедуваме медицинска помош. Обезбедуваме и правна помош, бидејќи најголем дел од жртвите учествуваат во судските процеси а посредуваме и за запишување во училиште, односно враќање во образовниот процес, нагласува Варошлија.

Таа потенцира дека со цел да се овозможи реинтеграција на жртвите во општеството, им обезбедуваат и обуки и занаетчиски курсеви, но според неа, враќањето во нормалниот живот зависи и од семејството на жртвата, кое треба да биде најголема поддршка, но и од центрите за социјална работа со цел полесно да ги надмине траумите. СОС линијата на „Отворена порта“ е 0800 11 111, на која може да се пријави трговија со луѓе. На оваа линија жртвите од трговија со луѓе можат да добијат советување како да постапат и каде да се обратат доколку имаат потреба од правна или друг вид на помош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + ten =