Отворањето на најголемиот трговски центар во регионот, Skopje east gate, се очекува многу наскоро

You must need to login..!

Опис

Градежните работи во трговскиот центар Skopje East Gate привршуваат, и многу наскоро се очекува негово свечено пуштање во употреба. Ова денеска со Утрински брифинг го изјави главниот извршен директор на трговскиот, Игор Давков.

– Отворањето на трговскиот центар ќе биде на 29 октомври. Ние како трговски центар најголемиот дел од градежните работи веќе ги завршивме. Сега останува во наредните 30 дена закупците да ги завршат активностите во нивните локали, рече Давков.

Отворањето на трговскиот во услови на пандемија за менаџментот не претставува причина за страв од неуспех, ниту пак  причина за страв од ширење на ковид вирусот.

– И во услови на пандемија трговските центри функционираат. Ние сме среќни што има јасни протоколи кои укажуваат на тоа како посетителите можат да пристапат во трговскиот центар. Дополнително, ние правиме напори да воспоставиме систем каде  што самата валидација на ковид сертификатите ќе биде реална. За таа цел купуваме апликација која во реално време, врз основа на интернет валидација, проверува дали сертификатот кој што го презентира посетителот е валиден, објаснува Давков.

Неговите очекувања се дека Skopje East Gate че вработи околу 2.500 луѓе.  а ќе  има годишен приход од околу 120 милиоони евра.

 – 58 000 метри квадратни е нето површината за изнајмување, со тоа ние се позиционираме во еден од најголемите трговски центри во регионот, од рангот на Белградска Галерија и Парадајс во Софија. Самата големина и миксот на закупци дава квалитет кој ќе придонесе за привлекување на посетители и од регионот, а со тоа ќе даде придонесс и во зголемување на економијата во државата. Таргет ќе ни бидат и патниците кои транзитираат по рутата Е75. Трговскиот центар ќе креира околу 2.500 нови вработувања, рече Давков.

Во трговскиот ќе има 40 нови брендови кои за прв пат влегуваат на територијата на Македонија. Ги исполнува сите стандарди за евакуација на посетители. Има два главни влеза за пешаци и подземна гаража со четири влеза и три излеза, како и осум евакуациони скалишни јадра. Трговскиот е на две нивоа, а содржините за забава се на вториот кат. Ќе има кино со осум сали, од брендот Синеплекс, фитнес центар, и игротека на површина од 700 М2. Очекувањата се дека трговскиот ќе има 120 милиони евра годишен приход.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =