Османи: Во правото на самоопределување сме најсилни – ако бугарската заедница се чуствува запоставено треба да ги добие своите права

You must need to login..!

Опис

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе има излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

-Довербата реално беше срушена во овие процеси, а овие се таков вид на прашања поврзани со емоции и затоа пристапот на овие две нови политички влади, беше тоа да се создаде платформа, скелет, со забрзана комуникација, почести средби и на таа платформа да се гради довербата и полесно да ги надминеме проблемите меѓу двете земји, рече министерот Османи во гостувањето во Утрински брифинг.

Од друга страна во Бугарија дел од опозициските партии се обидуваат да направат пречки.

-Во време на посетата, имавме ГЕРБ и ДПС, а се видовме и со коалициските партнери. Се видовме и со претседателот Радев кој е значен актер во целиот процес. За жал не можеме многу да влијаеме, но имам чувство дека премиерот Петков се обидува овој процес да го направи поинклузивен, да се вклучат сите кои утре ќе можат да одлучуваат во овој процес и тоа ми дава надеж да можам да инвестирам во овој процес, рече Османи.

Што ќе се случи со целиот процес, што ќе се случи ако во март кога ќе излезат податоците од пописот, се испостави дека има многу малку Бугари.

-Работната група за политичките прашања имаше две средби. Важно е ова поместување на овој наратив, еден народ две држави – право на самоопредување во согласност со уставното уредување на земјите. Правото на самоопределување ние сме најсилни. Поранешен министер за одбрана не прифаќаше македонско малцинство во Бугарија. Сметам дека ова поместување во ставовите треба да се искористи.

Независно, колку се толку се, колку и да е мала заедница, мала група, доколку се чувствува запоставено треба да ги добие своите права. Државата доби од овој квантен скок, се уште е тешко, има предрасуди за мојата работа. Ова е придобивка од Рамковниот договор. Проширување на таа рамка и тие инструменти за заштита со уште една група, различна од мнозинството, тоа ќе ја направи државата посилна, граѓаните поспокојни, а државите посилни.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three + twelve =