Османи: Бугарија мора да биде свесна дека клучот за кредибилитетот на ЕУ е во нејзините раце, замрзнат конфликт не е решение

You must need to login..!

Опис

Се има впечаток дека министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто дојде во земјава не да се сретне со својот македонски колега Бујар Османи, туку да се види со градоначалничката Данела Арсовска и да вети државна помош за градот Скопје.

-Арсовска до скоро беше почесен конзул на Унгарија поради изборот за градоначалник. Сијарто ми се јави во четвртокот и рече дека сака заеднички да испратиме порака до Европа по она што се случи на 14 декември. Тој даде силни порак. Унгарија е важна држава, а јас имам добро односи со Сијарто, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.

Бугарија влегува во фаза кога мисли дека времето работи за неа.

-Јас стравувам дека таквата теза може да доведе до замрзнат конфликт како што беше со Грција. Оваа ситуација не смее да се прифти како нова реалност. Ова мора да биде наша прва тема и по цена да го потроши нашиот политички капитал дури и ако секој ден изјавуваме оптимистички изјави, вели Османи.

Тој додава дека и новата бугарска влада треба да влезе во проблематиката, но не знам колку кредибилитетот на ЕУ може да издржи кај нас во нашата јавност, коментира Османи.

-Јас не знам кога ќе се прекрши тој момент со постојано надополнување на листата за Албанија и Македонија, а Бугарија мора да биде свесна дека клучот за кредибилитетот на ЕУ е во нејзините раце, вели Османи.

Со заминувањето на Заев со оглед на поинаквата позиција на претседателот Стево Пендаровски, дали може да се промени позицијата во потврд став.

-Заев сакаше да има отворен став имајќи ги предвид интересите на граѓаните. Заев веруваше и јас верувам дека мора да се најде заедничка доверба, па оттука да тргнеме. Заев се обраќаше и до бугарскиот народ. Обајцата сметаме дека ова не смее да премине во замрзнат конфликт и да трае, вели Османи и повторува дека разговорите со Бугарија не смеат да прекинат.

Малку е нејасно што точно бара бугарската страна.

-Да бидеме искрени. Тие ставот го имаат кажано од првиот ден. Тој став не се препознава во Европа бидејќи се смета за анахрон – се однесува на историски атрибути на еден народ. Затоа сега се префрла на малцинства и слично. Треба да се има мултиперспективност за историјата и да се овозможи секој сам да се самоопредели со своја интерпретација на историјата и да не го наметнува на другиот она што е негово мислење, вели Османи.

Вчера имавте средба со американската амбасадорка Брнз. Се има впечаток дека САД не испорачува многу во овој спор со Бугарија.

-Последниве две недели имав две средби со Ескобар. Тој ги знае и деталите за прашањето и сака да се вложи ова брзо да се заврши. Но, ние немаме спор со Русија, станува збор за спор меѓу две земји членки на НАТО. Па и САД не можат да претежнат премногу на едната страна. Се надевам на нивно вклучување, вели Османи.

Тој додава дека е прашање на договор на партиите дали тој ќе остане во следната Влада на Димитар Ковачевски. Османи вели дека слушнал позитивни впечатоци за Ковачевски иако не го познава лично.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 − two =