Османи: Ако институциите се разидуваат по прашањето за Собранието, треба да се вклучи Уставниот суд

You must need to login..!

Опис

Според вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, Северна Македонија конечно по 15 години ќе добие безусловна одлука за отпочнување на преговори со Европската Унија, а без разлика како ќе се одвива ситуацијата со корона-вирусот и дали ќе се одлагаат европските самити, прашањата се од техничка природа бидејќи веќе има консензус меѓу земјите членки.

„Петнаесет години како што сме кандидат, ние се соочувавме со недостаток на консензус на сите земји-членки да донесат одлука за отпочнување преговори. За прв пат пред два дена на состанокот на постојаните претставници, во однос на нашата држава имаше консензус за одлуката отпочнување преговори со ЕУ и за мене тоа е историски момент, независно од формата или дипломатските односи. Јас сум политичар кој овие три години ја вложив секоја клетка за овој резултат. За мене беше историски момент кога по полноќ добив три повика од земји-членки кои ме известија дека донесен е консензус. Другото е форма веќе. Мене ми е важно дека сите земји членки одлучија за преговори, изјави Османи во Утрински брифинг.

Тој надополнува дека иако ќе се одложи самитот на лидери (премиери и претседатели на земјите од ЕУ), но државата и е доволен и состанокот на ГАК, каде што се министрите за Европа и за надворешни работи.

„Состанокот на ГАК закажан за 24.март се уште не е одложен. Меѓутоа и да се откаже, политичката волја на сите земји-членки е за почнување преговори, за преговарачка рамка и за меѓувладина конференција“, потенцираше Османи.

Тој напомена дека одредени земји имаат доза на скептицизам кога е Албанија во прашање, но одлуката за Македонија, вели, нема да зависи од ставот за Албанија.

Прашан за капацитетот на техничката влада и ставот на Талат Џафери дека Собранието не може да се врати на работа, Османи одговорот го побара во Уставниот суд.

„Оваа влада е кризна влада за справување со корона-вирусот, не се разговараат други точки. Тоа е добро заради кредибилитет и вклученост на сите во вонредната состојба.

Во однос на Собранието, ставот на претседателот на Собранието е убеденоста дека противуставно е враќањето во Собранието на пратениците. Тој го кажа тоа не како партиски човек туку како собраниски спикер. Мојот личен став е во случај на конфликт на ставови на институциите, Уставниот суд е надлежен. Можеби треба да се вклучи и да каже кога власта и Собранието имаат различен став“, посочи Османи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + 19 =