Ордевска: Не се дава до значење кој е производител, на Малта е битно вакцината да се прими

You must need to login..!

Опис

Во Малта повеќе од две недели како трае затворањето на есенцијалните компоненти на економијата. Последниве три дена има помалку од 100 заболени, изјави во Утрински брифинг Стефани Ордевска, контрола на квалитет на лекови, Малта.

Во однос на болниците нема пренатрупаност, се вакцинираат оние над 70 години, 90% поценти се вакцинирани и предност се дава на оние со хронични заболувања. Вакцината е достапна за сите кои сакаат да се вакцинираат. Државата регулира со која вакцина ќе се вакцинираат. Не се дава до значење која е вакцината, битно е да се даде, вели Ордевска.

Јас во компанијата каде што работам кружи листа за вакцинација, лично право е дали ќе се вакцинираш. Информациите дека доколку одбиеш да ја примиш вакцината ќе добиеш отказ се чиста шпекулација. Луѓето во голема мера ги почитуваат препораките. Нема немири, субвенционирани се сите оние засегнати делови од економијата, што значи сите оние кои не одат на работа таа минимална плаа ќе си ја добијат, додава Ордевска.

Говорејќи за пописот 2021 Ордевска вели дека сите оние кои ги познава, а живеат и работат на овој остров го искористиле правото и се имаат попишано.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + 7 =