Орданоски: Резултатите од „Преспа форум дијалог” се веќе видливи: Лансиран е новиот Б6 формат – можност за унисон став пред ЕУ и максимизирање на влијанието пред бриселските инстанци

You must need to login..!

Опис

Денеска и утре во Охрид и Отешево се одржува најголемата меѓународна конференција „Преспа форум дијалог“ во организација на Република Северна Македонија, а учесници ќе бидат највисоки претставници од САД, Европа и регионот. Носечка тема на конференцијата ќе биде „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“.

Овој форум, велат од Владата, се заснова на Охридскиот, Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија зошто тие создаваат нова алтернативна слика не само за нас туку и за регионот. Тема на форумот ќе биде и обновувањето на трансатлантските врски, а ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан“.

На „Преспа форум дијалот“ ќе учествуваа двајца претседатели на држави, Борут Пахор – Словенија и Мило Ѓукановиќ – Црна Гора; четворица премиери: Еди Рама – Албанија, Зоран Тегелтија – БиХ, Ана Брнабиќ – Србија, и Албин Курти – Косово; и осум министри за надворешни работи од: Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија.

Од поранешни премиери ќе присуствува Алексис Ципрас од Грција, во чиј мандат беше постигнат Преспанскиот договор. Исто така, ќе има и значајни претставници од т.н. Охридска група.

Од САД и ЕУ ќе присуствуваат: помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер; заменик-помошник секретарот во Бирото за европски и евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер; еврокомесарот Јоханес Хан; специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак; Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика; како и неколку пратеници од Европскиот парламент.

Франција, исто така, ќе има свои претставници меѓу гостите и учесниците: специјалниот пратеник на министерот, Жан-Ив Ле Дриан; сенаторот Алан Ришар; пратеникот Жак Мер.

На највисоко можно ниво, велат од Владата, ќе бидат претставени и ОБСЕ и Советот на Европа, а тука се и генералниот секретар Марија Пејчиновиќ-Буриќ, генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и на Комитетот за демократии, Томас Гарет.

По овој повод разговаравме со главниот и одговорен уредник на Утрински брифинг, Сашо Орданоски кој вели дека резултатот од овој форум веќе е видлив.

-Под раководство на министерот за надворешни работи Бујар Османи, шест држави од Балканот се договорија да формираат една формација Б6 (балкан шест формат) која што ќе биде на ниво на министри за надворешни работи, која ќе заседава квартално и која ќе се обиде по примерот на некои други слични формации како Вишеградските групи итн.. ќе се обиде да изгради еден унисон став пред ЕУ, во смислам на застапување на целиот регион, бидејќи министрите процениле дека на тој начин ќе можат да го максимизираат своето влијание пред бриселските и други инстанци. Мислам дека тоа е почеток на една институција која ќе да даде одреден резултат.

-Денеска и утре ќе се случува една голема конференција на која што секој со секого разговара и официјално и неофицијално. Форумот е прилично отворен, половина од македонската влада е тука, официјалното отворање ќе биде вечерва. Ќе биде присутен и Филип Рикер, помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, а од Стејт департменот е и Метју Палмер. Така што кога ќе се искомбинират европските, балканските и американските претставници, ова е Самит на врвот кога е во прашање Балканот, вели Орданоски.

-Она што јас неофицијално го дознав е дека Бугарите биле консултирани за нивно учество уште кога се организирал форумот, но мислам дека деликатноста на македонско-бугарските односи, како и предизборието во таа земја, на крајот сепак и таму некој одлучил дека не е можеби време за учество во Охрид. Но да бидам ислкрен, ако јас се прашувам, тоа ќе го одземеше фокусот на многу други корисни аспекти, па можеби во овој момент и сите посети, попаметни е тоа прашање барем малку да се симне од дневниот ред, додава Орданоски.

-Надоврешната политика, дипломатијата во голема мера е и прашање на технологија. Еден од начините како таа технологија да се унапреди е формирање токму на ваквите формати, кои потоа овозможуваат една поконзистентна и пофрекфентна координација помеѓу учесниците. Се овозможува и на работни и на политички ниувоа д асе расчистуваат одредени работи. Да не заборавиме големиот проблем на Балканот се замрзнати конфликти. Гледам и на конференција многу внимателно е составен дневниот ред, на начин да косовскиот премиер и српскиот не се сретнат на ниедно место, така што овие формати се прашање на една технологија која е неопходна. На овие формати се разбира дека не може да се постигнуваат некои крупни значајни одлуки кои би ги замениле другите формати, но се една згодна адреса, каде што и не само Брисел, и земјите членки на Б6 ќе можат да поставуваат прашања, да покренуваат иницијативи, да ги претставуваат како заеднички, а тоа е одмна нешто што ни фали, смета Орданоски.

Целиот разговор погледенте го видето

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × three =