Орданоски: Македонија добива неверојатен број на комплименти за се она што направи изминатиов период

You must need to login..!

Опис

Во Охрид има висока концентрација на највисоки функционери од целиот Балкан па и од ЕУ и САД. Атмосферата е одлична – луѓето се опуштени. Програмата е многу густа, и тука е можеби единствениот пропуст кој што го направи организаторот. Она што сепак е најважно се оние средби кои се одвиваат вон официјалната агенда – билатерални, мултилатерални. Гостите се пријатно опуштени и ваква атмосфера е атмосфера која што секој организатор ја посакува. Без разлика на ранговите кои што ги имаат има едно инзворедно расположение, изјави главниот и одговорен уредник на Утрински брифинг, Сашо Орданоски и додава дека впечатокот е дека Македонија добива неверојатен број на комплименти. Многу се инвестираше во сето тоа што е постигнато.

– Вчера беше директорот за европските земји на бугарското МНР и штета е што заради нашата состојба со Бугарија, овдека нема високи претставници од Бугарија и можеби е штета што нема никој од македонската опозиција. Ќе беше убаво да имаше барем пратеници, функционери од опозицијата, бидејќи и за нив ова ќе беше шанса да оставарат контакти, додава Орданоски.

Разговорот со главниот уредник на Утрински брифинг Сашо Орданоски погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 1 =