Оптимизмот на Космонаутко клучен за секојдневна посета на граѓаните за време на пандемијата

You must need to login..!

Опис

Оптимизмот е она што го води техничарот од Одделението за микробиологија во скопскиот Центар за јавно здравје, кој секојдневно е на терен, очи во очи со корона вирусот кај луѓето на кои им е потребно тестирање. Јавноста го знае како Денис Јанкуловски – Космонаутко.

„Без разлика што и да се случува, оптимизмот верувам дека е вродена работа. Знаев дека ќе трае долго пандемијата, не знаев колку долго, но се програмирав дека морам да најдам вентил преку кој ќе ги поминувам деновите. Оптимизмот преку насмевка и песна, одејќи помеѓу луѓето, таа утеха мора некако да влијае и кај нив, оти ситуацијата со Ковид 19 и психички е тешка кај луѓето. Јас сум емотивец и реагирам на секоја ситуација. Немам време да посветам емоции без да ги оставам од една адреса до друга. Не можам да ги влечам истите чувства, без разлика среќни или тажни“ изјави тој во гостувањето во Утрински брифинг.
Меѓутоа работата на терен во кризни времиња со себе носи и потешки денови кога информациите за одредени заболеми од вирусот се негативни информации. Јанкуловски вели, емоциите од таквиот исход на настаните, ќе ги средува после пандемијата.

„Се почувствував погоден кога во ист ден дознав за два брачни парови кои починаа во рок од два-три дена и вестите ми дојдоа наеднаш. Тогаш застанав на момент да ги процесирам информациите но повторно отидов на терен бидејќи тоа од мене се очекува. На тие чувства ќе им посветам време после пандемијата. Неопходен сум, од мене се очекува да бидам помеѓу луѓето во овие тешки времиња. Во однос на кондицијата, моделот кај мене е затоа што си ја сакам работата која ја работам и затоа што знам дека помагам некому и тоа ми дава елан за да работам“, потенцира Космонаутко.

Се соочил со разни ситуации на неверство и одбивање од страна на луѓето а се случувало да сретне луѓе кои немале поверение кога требало да ги посети за да направи нивни тестирање.

„Сме наидувале и на погрдни зборови, не гледале и како зло, но од друга страна, кога ќе се јави епидемиологот да објасни каква е ситуацијата, дури се случувало и да не замолат да ги посетиме. Сепак сметам дека сега свеста е променета во однос на вирусот“, вели тој.

Денис Јанкуловски напемнува дека скафандерот и маските му пречат но ги прифатил како елемент за заштита изминатава година знаејќи дека така мора да се заштити и себе си и луѓето околу него.

„Домашните знаат дека сум заштитен максимално и се сигурни во тој поглед. Ми даваат огромна поддршка и тоа ми е најважен момент од работењето. Едноставно ги сакам“, вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three − 2 =