Олдтајмерите- пасија и љубов за цел живот

You must need to login..!

Опис

Интересна е љубовта и пасијата кон олдтајмерите, односно старите автомобили. Нивните сопственици најчесто се подготвени за реставрација на автомобилите да потрошат значителна сума на пари, а за продажба на истите не ни помислуваат. Елвир Садиковиќ-Вили е страствен љубител на олдтајмери, а „бубата“ која ја има наследено од неговиот татко е негова гордост, за која зборува со гордост. 

-Сите мои најубави моменти ме потсетуваат на мојата „буба“. Со неа бев на моите први патувања и одмори. Иако имам и друг автомобил, често на патување одам со „бубата“, бидејќи на тој начин патувањето ми е повозбудливо, вели Садиковиќ. Тој е потпретседател на Буба клуб Македонија кој датира од 2010 година.

-Јас сум основачот и првиот претседател на клубот и можам да кажам дека со неговото формирање се одрија темелите на клубското делување на олдтајмери во државата. Во текот на годината имаме четири настани, тоа се роденденот, светскиот ден на „бубата“, и два собири за дружење со останатите олдтајмерџии. Поради пандемијата, активностите со колегите од регионот и пошироко се стопирани, објаснува Вили.

Како што вели тој, одржувањето на олдтајмерите е многу скапо, а цената на овие автомобили на пазарот во Македонија се уште не е проценета. Но, најважно од се е што се поретко може на пазарот да се купи овој олдтајмер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + twenty =